Долно Тодорак или Долно Тодораќ ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 531 метри.
Долно Тодорак опфаќа површина од 25 квадратни километри.
Историја
Селото Долно Тодорак во минатото било едно од најголемите македонски села во Кукушката околина.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Тодорак се состоело од 142 семејства и 695 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Долно Тодорак имало 1080 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1240 Македонци православни и 80 Македонци протестани. Освен тоа, во селото работеле егзархиско и протестантско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села. Поради тоа, на пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 406 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1924 година, протестанстското население било принудено да го напушти селото. Според податоците, нивниот број изнесувал 460 жители, кои заминале во Бугарија. Голем дел од населението се населило во селото Куклен, Бугарија, на местото каде претходно се иселило грчкото население. Во 1933 година, за унијатски свештеник бил назначен Јероним Стамов.
Во 1926 година, селото било преименувано во Като Теодораки.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 358 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 613 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 339 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 381 жител, во 1971 година имало 303 жители, во 1981 година имало 228 жители, додека во 1991 година имало 285 жители. Денеска, населението на селото е 146 жители според пописот од 2001 година.
Знаменитости
Во 1805 година, во селото била изградена црквата „Св. Троица“.
Личности Родени во Долно Тодорак Антон АнгеловМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 24. Вано Христов (1875 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 761. Георги Динишев (1899 - 1968) Гоце Петров (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 558. Гоце Христов (1885 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 765. Гоце Тодорачки (? - 1900)Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 35. Дељо Георгиев (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151. Дељо Иљов (1881 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319. Дељо Шарланџиев (1879 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 803. Иван Гошев (1871 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182 - 183. Илија Г. ДелковМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203. Илија Гогов (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179. Јордан Петрушев (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 568. Кољо Карамитов (1878 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 338. Костас Лахас (р.1936) Манол Наков (? - 1868) Нако Христов (1884 - ?)„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 774. Никола Македонски (1879 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 414. Стојко Митров (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455. Стојан ИвановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 300. Тано Тодорашки (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 705.
Наводи
Категорија:Кукуш