Женско или Аврет Хисар (, Палео Гинекокастро, до 1927 Αβρέτ Ισσάρ, Аврет Исар)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 14 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 126 метри.

Женско опфаќа површина од 16 квадратни километри.

Историја

Женско е населба со античка историја. Во селото биле откриени археолошки остатоци од антиката и средниот век. Во 1355-1371 претставувало главна тврдина во кнежевството на Југ Богдан во Егејска МакедонијаПадане на българските държави под осмaнска власт, Атлас по История, МНП 1983г. стр. 8The Bulgarian lands in the middle of the 14th century - names, scales and states since Codex Parisinus latinus and genovese maritime maps and descriptions in: Ph. Lauer, Catalogue des manuscrits latins, pp.95-6, d'après la Bibliothèque Nationale Lat. 1623, IX-X, Paris, 1940., чии бедеми денес можат да се видат и се познати како тврдина Женско.

Во XV век-XVII век Аврет Хисар бил центар на вилает. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од 1619-1620 година било забележано дека селото има 79 семејства.

Во XIX и почетокот на XX век, Женско е мала населба со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Женско се состоело од 55 семејства и броело 27 Турци и 239 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Женско имало 245 жители, од кои 200 Македонци и 45 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија или Македонија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година бројот на жители се намалил, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 394 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Палео Гинекокастро.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 352 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 312 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 456 жители, на пописот од 1971 година, во селото живееле 384 жители, во 1981 година имало 384 жители, додека во 1991 година имало 421 жител. Во поново време, мс пописот од 2001 г. се заведени 382 жители, за да опадне на 280 во 2011 г.

Личности Родени во Женско Атанас Христов Грков (1874 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191. Божин Атанасов (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 60. Божин Крстев Делев (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 202. Георги Христов Зефиров (1879/1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269. Дино Јанов (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 824. Иван Данаилов (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 198. Никола Христов (1874 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 770. Крсто Митов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 450. Лазар Стоилов (? - 1912)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 652. Мито Танчев Ќосев (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 398. П. ИндовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319. Тоше Танчов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 692. Трајко Димов (1880 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 238. Христо АтанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Христо Јанкулов Патриков (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 541.

Поврзано Женско (тврдина)

Наводи

Категорија:Кукуш