Ишикли или Ашиклар (, Левендохори, до 1927 Ασικλάρ, Асиклар)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Λεβεντοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 8 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 158 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ишикли се состоело од 10 семејства со 36 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ишикли имало 140 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 27 жители, додека во 1920 година 78 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Левендохорион.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 161 жител бегалец., додека во 1940 година селото броело 275 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 247 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 248 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 279 жители, додека во 1991 година имало 301 жител. Денеска, населението на селото е 266 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш