Кара Мето Огулари () — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во подрачјето на планината Карадаг.

Историја Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кара Мето Огулари имало 45 жители Турци.

Селото се распаднало за време на Балканските војни и повторно не било обновено, поради што не се спомнува во подоцнежните пописи.

Наводи

Категорија:Историски села во Кукуш