Казаново (, Котили; до 1928 г. Καζάνοβο, Казаново) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено на околу 8 км југоисточно од градот Ругуновец.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Казаново (Cazanovo) е село во Кукушката каза со 40 домаќинства на 1.848 Македонци.

Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Казаново (Kazanovo) било село во Кукушката каза со 240 Македонци и во него работело бугарско училиште.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Казаново имало 25 куќи на Македонци христијани.

Во Грција За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото било опустошено, а населението побарало спас во Вардарска Македонија. Истата година тоа е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор, а на пописот од таа година се води како напуштено.

По Првата светска војна атарот на селото е откупен од неколку велепоседнички семејства на чело со родоначалникот Котили, по кој е дадено неговото ново име. Поседниците се стекнале со 750 хектари првокласна земја. Во 1920 г. селото имало 53 жители, а во 1928 г. тие биле 42.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Константин и Елена“ од 1851 г., прогласена за историски споменик

Личности мини|десно|250п|Дејци на ВМОРО од Кукушко. Трајко Косето Аџаларски, Мине Токлев и Доне Постоларски; Јане Лисичин Казановлија, Лазар Голов и Христо Дили-пале, 19 октомври 1904 г. Вангел Казански (1860 – по 1943) — револуционер Јане Казански — револуционер, деец на ВМОРО Јане Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 Гоце Запрев (Запров, 1884/1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина Jордан Христов (1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина Мице Колев (1879 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, IV чета на XIV Воденска дружина

Наводи

Категорија:Пајонија (општина)