Кара Махмутли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μαυροπλαγιά — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 417 метри.
Кара Махмутли опфаќа површина од 14 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кара Махмутли се состоело од 12 семејства и 35 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Махмутли имало 120 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 81 жител, додека во 1920 година 81 жител Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Мавроплагија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 179 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 149 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 215 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 219 жители, во 1971 година имало 169 жители, во 1981 година имало 151 жител, додека во 1991 година имало 148 жители. Денеска, населението на селото е 45 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Кукуш