Њујорк () — сојузна држава во североисточниот регион на САД. Таа е трета по ред најнаселена држава. Се граничи со Њу Џерси и Пенсилванија на југ и со Конектикат, Масачусетс и Вермонт на исток. Државата по поморска граница се граничи со Род Ајленд, источно од Лонг Ајленд, како и со канадската покраина Онтарио на север и запад и Квебек на север.

Градот Њујорк, со население повеќе од 8.000.000 жители, е најнаселениот град во САД. Познат е според статусот на финансиски, културен, транспортен и производствен центар, па и според неговата историја како порта за имиграција во соединетите држави. Според министерството за трговија на САД, Њујорк е често изборно одредиште на многу странски посетители. И државата и градот биле именувани според „Војводата од Јорк“ од XVII век, Џејмс Стјуарт, подоцнежниот Џејмс II и VII од Англија и Шкотска.

Во времето кога холандските доселеници се преселувале во регионот, во раните години од XVII век, Њујорк бил населен од групи на американски староседелци како Алгонкинци, Ирокези и Ленапи. Во 1609, регионот бил заземен од Хенри Хадсон за Холанѓаните. Тврдината Насау била изградена во 1614 во близина на денешниот главен град Олбани. Набрзо, Холанѓаните се населиле и во Нов Амстердам и делови од речната долина Хадсон, основајќи ја колонијата на Нова Холандија. Британците, со анексија, ја презеле колонијата во 1664.

Границите на Британската колонија, покраината на Њујорк, биле приближно слични со оние на денешната држава. Околу една третина од сите битки во Американската револуционерна војна се одвивале во Њујорк. Њујорк станалa независна држава на 9 јули 1776, а уставот го донела во 1777. Државата го ратификувала уставот на соединетите држави на 26 јули 1788, со што се вброила како единаесетта држава во унијата.

Историја мини|250п|десно|Њујорк во 1777 година XVII век Во текот на XVII век холандските трговци воспоставиле врска за тргување на кожа со староседелците Ленапи, Ирокези и други кои биле распространети низ колонијата Нова Холандија. Првите пазари од ваков вид биле тврдината Насау (1614, во близина на денешен Олбани), тврдината Оренџ (1624, на реката Хадсон, јужно од денешниот град Олбани, која била поставена во замена на тврдината Насау, а подоцна се развил во населбата Бевервиџек во 1647 и во она што денес е Олбани), тврдината Амстердам (1625, која прераснала во градот Нов Амстердам кој, пак, денес е Њујорк) и Есофис (1653, а сега Кингстон).

Успехот во управувањето на Ренсерлирсвик (1630), кој го опкружувал Олбани и траел сè до средината на XIX век, бил еден од клучните фактори во раните успеси на колонијата. Британците ја зазеле колонијата за време на вората англо-холандска војна и ја управувале како покраината Њујорк.

Американска револуција Синовите на слободата биле организирани во Њујорк во текот на 1760-тите, во голема мера како одговор на угнетувачкиот „закон за штампата“ одобрен од страна на Британскиот парламент во 1765. Конгресот за истоимениот закон се одржал во градот на 19 октомври, истата година (собир на претставници од тринаесет колонии кои го поставиле континенталниот конгрес). Конгресот за „законот за штампата“ резултирал со декларација за права и жалби која била првото писмено изразување, од многуте подоцна напишани во декларацијата на САД за независност, од американските претставници. Заземањето на тврдината Тајкондерога ги снабдило топовите кои биле потребни за да се присилат Британците на повлекување при Опсадата на Бостон во 1775.

Њујорк ја прифатил декларацијата за независност на 9 јули 1776. Државниот устав на Њујорк бил составен на конвенција која се одржала во Вајт Плеинс, Њујорк, на 10 јули 1776. После повтореното одлагање и промените на локацијата, своите подвизи ги завршила во Кингстон, Њујорк, при саботното попладне на 20 април 1777, кога новиот устав изготвен од Џон Џеј бил усвоен. Истиот не бил доставен до луѓето за ратификација. На 30 јули 1777, Џорџ Клинтон бил назначен за прв гувернер на Њујорк со канцеларија во Кингстон.

Првата поголема битка во Американската револуција, откако била прогласена независноста, се водела во Њујорк на просторот на Лонг Ајленд во август 1776. Британската победа го претворила Њујорк во нивна воена и политичка база при операциите во Северна Америка за време на конфликтот, а следствено на тоа и центар на вниманието на разузнавачките операции на генералот Џорџ Вашингтон.

Озогласениот Британски затворенички брод на заливот Волбаут усмртил повеќе американски војници при намерно запоставување на истиот, отколку што умреле во сите битки во војната.

Првата од двете најголеми Британски армии била фатена од континенталната армија во битката на Саратога во 1777, што влијаело на тоа Франција да стане сојузник на револуционерите.

Во обид да го задржат својот суверенитет и да останат независна нација позиционирана помеѓу новите сојузни држави и Британска северна америка, четири од ирокезиските народи се бореле на страната на Британците, а само Онајдас и нивните бранители Таскарорас се бореле на страната на американците. Експедицијата Саливан од 1778 и 1779 уништила приближно 50 Ирокезиски села, присилувајќи многу бегалци да се преселат во Нијагара, која во тоа време била под Британско раководство. Како сојузници на Британците, Ирокезите по војната биле иселени во Канада. Со договорените населби, Британците изгубиле многу староседелски поседи. Поради тоа што Њујорк склучил договор со Ирокезите без конгресионално одобрение, некои од купените земји се предмет на подоцнежни побарувања од поединечни племиња. Повеќе од 20.000 км2 од поранешната Ирокезиска територија била ставена на продажба по револуционерната војна, што довело до брз развој во горниот дел на Њујорк.Дејвид В. Чен Битката за ирокезиските поседи ескалира „The New York Times“. 16 мај 2000. . Проверено на 11 април 2008. Според договорот од Париз, последниот остаток од Британскиот авторитет во поранешните тринаесет колонии (нивните трупи во Њујорк) бил повлечен во 1783, што долго потоа се славело како „ден на евакуацијата“.

По жестока дебата, во која било вклучено објавувањето на сега типичното уставно толкување, Федералист Пејперс по серија на копии во Њујоршките весници, државата станала единаесеттата која го ратификувала уставот на САД на 26 јули 1788.

XIX век мини|250п|десно|Островот Елис во 1905 Транспортот во западен Њујорк бил многу тежок сè додека не биле изградени патни канали во раните години од XIX век. Реките Хадсон и Мохавк можело да се следат до централен Њујорк, додека пак, реката Сент Лоренс можело да се следи до езерото Онтарио. Патот кој водел до големите езера бил блокиран од Нијагарските Водопади и поради тоа патот до западен Њујорк бил целосно земјен.

Гувернерот Девит Клинтон строго се залагал за изградба на канал кој ќе ја поврзува реката Хадсон со езерото Ири, а со тоа и сите други големи езера. Изградбата започнала во 1817 и каналот Ири бил завршен во 1825. Овој канал се сметал за инженерско чудо. Преносни бродови патувале нагоре и надолу низ каналот со посетители на нив. Каналот овозможил порамнување и услови за трговија во многу области во Њујорк. Тој овозможил градовите со пристаништа на големите езера како што биле Бафало и Рочестер да пораснат во големи размери и многу брзо да просперираат. Исто така, каналот го поврзал развиеното земјоделско производство на средниот запад и пловењето на бродовите до големите езера со пристаништето во Њујорк.

Елис мини|десно|Сцени од имиграционото депо и блиското пристаниште на островот Елис Островот Елис било главното пристаниште за имигрантите кои влегувале во САД во доцните години на XIX век. Објектот функционирал од 1 јануари 1892, до 12 ноември 1954. Тој е сопственост на федералната влада и сега е дел од националниот споменик, статуата на слободата, под јурисдикција на службата за национални паркови. Се наоѓа во Њујоршкото пристаниште помеѓу две држави и два града: Џерси Сити, Њу Џерси и Њујорк.

Повеќе од 12 милиони имигранти поминале низ островот Елис помеѓу 1892 и 1954. По 1924, кога бил одобрен законот за национални потекла, единствените имигранти кои можеле да поминат од таму биле иселени или луѓе кои побегнале од војната.The Brown Quarterly, 4 том, бр. 1 (есен, 2000) – островот Елис/Имиграционен проблем Денес, над 100 милиони Американци можат да трагаат по своето потекло кон имигрантите кои први пристигнале во Америка преку островот. Елис е предмет на пограничниот спор помеѓу државите Њујорк и Њу Џерси. мини|220п|лево|Статуата на слободата

Статуата на Слободата Статуата на Слободата е поклон од Франција за САД за да се одбележи стогодишнината од програсувањето на Американската независност. Идејата за давање на огромна застапеност на републиканските доблести на прекуокеанската „сестра“ република послужила како фокус на републиканската кауза против други политичари. Статуата на Слободата била доставена до Њујоршкото пристаниште на 28 октомври 1886.

Островот на Слободата бил затворен на 11 септември 2001. Островот бил повторно отворен во декември, а споменикот на 3 август 2004, но статуата останала затворена сè до летото во 2009. Службата за национални паркови тврди дека статуата не е затворена поради терористичка закана, туку главно поради долга список на регулативни прекршоци вклучувајќи и несоодветни постапки за евакуација. Музејот е отворен за посетителите, но е достапен само ако посетителите имаат „Лозинка за пристап до споменикот“, која е резервација која посетителите мора однапред да ја направат, односно пред да се качат на ферибродот. Дневно се одобрени максимум 3,000 посетители, со вкупно 15,000 посетители дневно на островор. Внатрешноста на статуата останала затворена.

Географија мини|180п|десно|Релјефот на Њујорк мини|150п|десно|Мапа на реките Хадсон и Мохавк мини|250п|десно|Снежниот ефект на езерата има голем придонес во вкупното снежно врнење во западен Њујорк

Њујорк покрива 128.400 км2 и е рангиран како 27 најголема држава според површина. Големата долина Апалачија доминира во источен Њујорк, додека езерото Чамплеин е главниот северен дел на долината што, исто така, ја вклучува и реката Хадсон течејќи на југ кон Атлантскиот Океан. Суровите планини Адриондак, со големи предели на дивина, лежат западно од долината.

Голем дел од југот на државата се простира на висорамнината Алгени која се издига од југоисток, па сè до планинскиот венец Кетскил. Во западниот предел на државата се наоѓа реката Алгени и реките од речните системи на Сускуихена и Делавер. Договорт за басенот на реката Делавер, потпишан во 1961 од Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер и федералната влада, го регулира користењето на речниот систем. Највисока точка во Њујорк се наоѓа на планината Мерси во Адирондак.

Границите на Њујорк имаат допирна точка со две од големите езера, односно езерата Ири и Онтарио (кои се поврзани преку реката Нијагара). Државата се граничи и со: Онтарио и Квебек во Канада, со три држави од Нова Англија (Вермонт, Масачусетс, Конектикат), Атлантскиот Океан и две средно атлантски држави, односно Њу Џерси и Пенсилванија.

Во контраст на убранизираната атмосфера во Њујорк, во големо мнозинство од површината на државата доминираат фарми, шуми, планини и езера. Паркот Адриондак во Њујорк е најголемиот државен парк во САД. Поголем е од заедничката површина на „Yellowstone“, „Yosemite“, „Grand Canyon“, „Glacier“ и „Olympic National Parks“.Околу паркот Андриондак , Паркова агенција на Андриондак. Проверено на 1 јули 2009. Њујорк го оформил првиот национален парк во САД кај Нијагарските водопади во 1885.

Реката Хадсон започнува од езерото Хевн Тирс и тече јужно низ источниот дел на државата без влевање во езерата Џорџ и Чемплејн. Езерото Џорџ се празни во неговиот северен крај, во езерото Чемплејн, чиј северен крај преминува во Канада. Четири од петте административни единици на Њујорксе наоѓаат на три острови: Менхетн, Стејтен Ајленд и Лонг Ајленд, кој ги вклучува Бруклин и Квинс на неговиот западен крај.