Пенсилванија, официјално позната како Заедница Пенсилванија (англ. Commonwealth of Pennsylvania), е сојузна држава во САД која е сместена на североисточниот и централно-атлантскиот регион на Соединетите Држави, поточно во регионот на Големите Езера. Државата се граничи со Делавер на југоисток, Мериленд на југ, Западна Вирџинија на југозапад, Охајо на запад, Онтарио, Канада, на северозапад, Њујорк на север и Њу Џерси на исток.

Според површина, Пенсилванија се наоѓа на 33 место во САД, според бројот на жители на шестото и според густина на население на 9 место меѓу 50-те сојузни држави. Четирите најнаселени градови во државата се Филаделфија, Питсбург, Алентаун и Ири. Главниот град на државата е Харисбург.

Пенсилванија има брег долг 82 км на езерото Ири и 92 км на реката Делавер. Според пописот од 2010 државата се нашла меѓу оние со најголем број европско-американски жители и голем број на Афроамериканци.

Географија мини|350п|Окрузите во Пенсилванија. Должината на Пенсилванија изнесува 274 км, а широчината 455 км. Од вкупно 119,282 км2, 116,075 км2 се земјена површина, 1,269 км2 се внатрешни водени подрачја, а 1,940 км2 е водената површина на езерото Ири. Таа е 33. најголема држава во САД. Пенсилванија има 82км долго крајбрежје при езерото Ири и 92км долго крајбрежје по реката Делавер.

Границите на држава ги сочинуваат Масон-Диксоновата линија (39°43' С) на југ, реката Делавер на исток, 80°31' на запад и 42° СГШ на север со исклучок на кратки сегменти на западниот крај каде триаголник се протега северно до езерото Ири. Пенсилванија се граничи со шест држави: Њујорк на север, Њу Џерси на исток, Делавер и Мериленд на југоисток, Западна Вирџинија на југозапад и Охајо на запад. Исто така, Пенсилванија дели водена граница со Канада. Од оригиналните тринаесет колонии, Пенсилванија е единствената држава која нема граница на Атлантскиот Океан. мини|десно|320п|Карта на Пенсилванија на која се прикажани поголемите градови и патишта Меѓу поголемите градови во оваа држава се: Филаделфија, Јорк, Ридинг и Ланчестер на југоисток, Питсбург на југозапад, трите града Алентаун, Бетлеем и Истон во централен исток (познат и како Лехај Валеи), трите града Скрентон, Вилксбар и Хезлтон на североисток и Ири на северозапад. Вилијамспорт служи како „центар“ на северо-централниот регион, а главен град на државата е Харисбург.

Клима

Од различната топологија на Пенсилванија произлегуваат и неколку различни клими. Опфаќајќи две поголеми зони, во најголемиот дел од државата со исклучок на југоисточниот корнер, преовладува умереноконтинентална клима. Филаделфија има одлики на влажна суптропска клима која го покрива и поголемиот дел од Делавер и Мериленд на југот.

Движејќи се кон внатрешниот планински предел на државата климата станува значително поладна, бројот на облачни денови се зголемува и зимските снежни врнежи се поголеми. Во западните предели на државата, особено градовите близу езерото Ири, количината на снежни врнежи достигнува 254 сантиметри на годишно ниво. Исто така, дождовите се во изобилство застапени низ целата држава во текот на годината.

Месечни нормални високи и ниски температури за различни градови во Пенсилванија (во целзиус) Град Јан. Фев. Мар. Апр. Мај. Јун. Јул. Авг. Сеп. Окт. Ное. Дек. Скрентон 1/-7 3/-6 8/-2 15/4 21/9 25/14 28/17 27/15 28/12 16/5 10/1 3/-4 Ири 1/-6 2/-6 7/-2 13/3 19/9 24/15 27/18 26/17 22/13 16/8 10/3 3/-3 Питсбург 2/-6 4/-5 10/-1 17/4 22/9 26/14 28/17 28/17 24/12 17/6 11/2 4/-4 Харисбург 3/-5 5/-4 10/0 18/5 23/11 28/17 30/19 29/19 25/14 18/7 12/2 5/-3 Филаделфија 4/-3 7/-2 12/1 18/7 23/12 28/18 30/20 29/20 25/15 19/9 13/4 7/-1 Алентаун 2/-6 4/-5 10/-1 17/4 22/9 27/15 29/18 28/17 24/12 18/5 12/1 5/-4 Источен Строудсбург 2/-9 4/-8 9/-3 16/2 22/8 27/13 29/15 28/14 24/10 18/3 10/-1 4/-5, , , , , Источен Строудсбург

Историја

Пред заедницата да биде поставена од Европејците, областа била дом на Делавери (познати и како Лени Ленапи), Сасквехеноки, Ирокези, Ири, Шаќуни и останати американски индијански нации. И холанѓаните и англичаните тврделе дека двете страни од реката Делавер биле дел од нивното колонијално земјиште во Америка. Холанѓаните биле првите кои го присвоиле и имале влијание врз изторијата на Пенсилванија.

До 3 јуни 1631, холанѓаните започнале од полуостровот Делмарва со воспоставувањето на званенделската колонија на страната на денешен Луис, Делавер. Во 1638 швеѓаните додале масло на веќе започнатиот оган со воспоставувањето на новата Шведска колонија на страната на денешен Вилмингтон, Делавер, со центар во тврдината Кристина. Новите Швеѓани, во најголем дел, го контролирале долниот предел од регионот околу реката Делавер (делови од денешен Делавер, Њу Џерси и Пенсилванија), но таму и не воспоставиле многу колонии. мини|десно|250п|Договорот на Пен со индијанците, Едвард Хикс На 12 марти, 1664, кралот Чарлс II од Англија му дал дозвола на Џејмс, војвода од Јорк, за контрола на земјиштето во кое било вклучена и оригиналната компанија Вирџинија од Плимаут Грент, како и друго земјиште. Овој потег на Чарлс бил, повторно, оспоруван од холанѓаните од Нова Холандија поради тоа што вклучувал и делови од денешна Пенсилванија.

На 24 јуни 1664, војводата од Јорк продал голем дел од својот посед, кој ја вклучувал денешната територија на Њу Џерси, на Џон Беркли и Џорџ Картрет за да добие сопствена колонија. Во тој период земјиштето не било во Британска сопственост, но продажбата за делот од Нова Холандија, на западниот предел од реката Делавер, била извршена. Британското освојување на Нова Холандија било започнато на 29 август 1664, кога Нов Амстердам бил принуден да се предаде соочувајќи се со топовите на британските бродови на пристаништето Њујорк. Ова освојување продолжило и било завршено во октомври 1664, кога британците ја освоиле тврдината Касмир, денешен Њукасл, Делавер. мини|десно|200п|Џон Дикинсон Мирот од Бреда помеѓу Англија, Франција и Холандија го означил крајот на британското освојување на 21 јули 1667, иако имало привремени промени.

На 12 септември 1672, како дел од третата Англо-Холандска војна, холанѓаните ја реосвоиле провинцијата Њујорк/Нов Амстердам и таму воспоставиле три окружни суда кои подоцна станале и оригинални окрузи во денешна Пенсилванија и Делавер. Подоцна, на 9 февруари 1674, ова било делумно ревидирано кога договорот од Вестминстер ја завршил третата Англо-Холандска војна и ги променило сите политички односи во „status quo ante bellum“ (како што работите биле пред војната). Британците ги задржале холандските колонии со нивните холандски имиња. До 11 јуни 1674, Њујорк одржал контрола врз оддалечените провинции, меѓу кои и Апленд (тогашен округ кој подоцна ќе стане Пенсилванија), но имињата започнале да се заменуваат со британски имиња, што се одвивало до 11 ноември 1674. Апленд бил поделен на 12 ноември 1674, произведувајќи еден општ преглед на денешната граница помеѓу Пенсилванија и Делавер.

На 28 февриари, 1681, Чарлс II му доделил земјиштеПовелба за провинцијата Пенсилванија - 1681. Оваа повелба, доделена од Чарлс II на Вилијам Пен го прави него и неговите наследници сопственици на провинцијата, која во чест на неговиот татко - адмиралот Вилијам Пен (чии парични побарувања и услуги беа побарани) е наречена Пенсилванија. За да ја возвиши својата титула, Вилјам Пен купи, на 1682-08-24, земјиште од војводата од Јорк до земјите западно од реката Делавер. на Вилијам Пен за да си го отплати долгот од $16,000 (околу $2.100.000 во 2008, прилагодено на инфлацијата на недвижнините) кој му го должел на таткото на Вилијам, адмиралот Вилијам Пен. Ова било еден од најголемите трансфери на имот на индивидуалец во историјата. Земјиштето било наречено Пенсилванија. Вилијам Пен, кој сакал да го вика Њувелс или Силванија, бил засрамен од промената, плашејќи се дека луѓето ќе мислат дека го именувал според неговото име, но кралот Чарлс не сакал да го преименува земјиштето. Пен воспоставил влада со две иновации кои во голема мера биле копирани од Новиот Свет: окружната комисија и слобода во верското уверување.

Она што било Апленд, а подоцна станало дел од Пенсилванија кој ја оформувал границата помеѓу оваа држава и Делавер, било преименувано во округ Честер кога Пенсилванија ја институционализирала нејзината колонијална влада на 4 март 1681. Водачот на квекерите, Вилијам Пен, потпишал мировен договор со Тамани, водачот на племето Делавер, со што започнал еден долг период на пријателски односи помеѓу квекерите и индијанците.Дејвид Јонт (2007). "How the Quakers invented America". Rowman & Littlefield. p.82. ISBN 0-7425-5833-9 Подоцна следеле и други договори помеѓу Вилијам Пен и останатите народи. Сè додека тој бил жил неговите договори никогаш не биле нарушени.Сиднеј Г. Фишер (2009). "The Quaker Colonies". Echo Library. p.13 ISBN 1-4068-5110-8

18 век

Помеѓу 1730 и 1764 оваа колонија правела свои пари за да ја надополни празнината од недостатокот на злато и сребро. Парламентот го забранил ова со законот за валути во 1764 година. Хартиените пари биле нарекувани колонијални потврди за сопственост. Колонијата пуштила во употреба и „кредитни сметки“ кои биле добри како и златните и сребрените пари поради нивниот законски статус. Со оглед на тоа што тие биле издавани од владата, а не од некоја банкарска институција, тоа биле понуди од слободен интерес кои во голема мера ги подмирувале владините трошоци од оданочувањето на луѓето. Исто така, тоа промовирало генерална вработеност и просперитет, што се должело на употребената дескреција од владата и не пуштајќи во промет многу пари кои би можеле да предизвикаат инфлација. Бенџамин Френклин бил вмешан во создавањето на оваа валута за која рекол дека нејзината корисност никогаш нема да биде оспорена, а, исто така, излегува во пресрет на „претпазливото одобрување“ од Адам Смит.Хамилтон, Александер и Сирет, Харолд К. „Трудот на Александар Хамилтон“. 1963, page 240. мини|десно|250п|Претседателската куќа во Пенсилванија во раните 1770-ти. Подоцна служела како претседателски дворец на Џорџ Вашингрон и Џон Адамс, 1790-1800, додека Филаделфија била привремен национален главен град По првиот конгрес на американските колонии во 1765, делегатот Џон Дикинсон од Филаделфија, Пенсилванија, ја напишал декларацијата за правата и поплаките. Конгресот бил првиот состанок на тринаесетте колони повикан на иницијатива на собранието на Масачусетс, но само девет од нив испратиле делегати. Тогаш Дикинсон го напишал писмото од фармер во Пенсилванија до жителите во британските колонии кое било објавено во пенсилванската хроника помеѓу 2 декември 1767, и 15 февруари 1768.

Кога татковците основачи на соединетите држави биле свикани во Филаделфија во 1774, 12 колонии испратиле претставници на состанокот. На вториот континентален конгрес, кој, исто така, се одржал во Филаделфија (во мај 1775), била напишана и потпишана декларацијата за независност, но кога градот бил освоен од британците, континенталниот конгрес се преместил на запад. По преместувањето претставниците се сренале во судската куќа Ланчестер во сабота на 27 септември 1777, а потоа и во Јорк. Тука тие ги напишале членовите на конфедерацијата која 13 независни колонии ги споила во една нација. Подоцна бил напишан и уставот, а Филаделфија била повторно избрана за лулка на новата американска нација.

Пенсилванија била втора држава која го ратификувала уставот на соединетите држави на 12 декември 1787, пет дена откако Делавер први го направиле истото.

Колеџот Дикинсон во Карлисл, Пенсилванија, бил првиот колеџ во соединетите држави. Основан во 1773, колеџот бил ратификуван пет дена по договорот од Париз на 9 септември 1783. Школото било основано од Бенџамин Раш и именувано по Џон Дикинсон. мини|десно|250п|„Hills Capitol“ употребуван од 1821 сè додека не изгорел во 1897