Чугунци (, Мегали Стерна, до 1927 Τσιγούντσα, Цигунца)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μεγάλη Στέρνα — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 84 метри.
Чугунци опфаќа површина од 46 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чугунци се состоело од 70 семејства и 368 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чугунци имало 250 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села како и во Бугарија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 60 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Мегали Стерна.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 445 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 684 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 389 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 549 жители, во 1971 година имало 454 жители, во 1981 година имало 429 жители, додека во 1991 година имало 491 жител. Денеска, населението на селото е 518 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ од средината на XIX век, прогласена за историски споменик
Личности Родени во Чугунци Младен Танев (1890 - 1967)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 690. Туше Христов (1877 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 781. Христо Џеков (? - 1903)Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.78
Починати во Чугунци Михаил Апостолов (1871 - 1903)
Наводи
Категорија:Кукуш