Чука (грч. Αρχάγγελος — до 1955 година, Τσούκα)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούκα -- Αρχάγγελος — поранешно село во Егејска Македонија, Околија Костур.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во општината Нестрам, 23 км западно од Костур во источното подножје на границата помеѓу Грција и Албанија.

Историја Во Отоманско Царство 250п|лево|мини|Манастирската црква. Во отоманските даночни регистри од средината на 15 век, селото Чука е споменато со 29 глави на семејства и тројца неженети: Папа Никола, Свето, Богдан, Јорг, Никола, Рајко, Стајко, Станимир, Алекса, Никола, Мавријад, Дабижив, Михо, Јано, Бано, Лазори, Никола, Тодор, Јорг, Јорг, Стамат, Михо, Богдан, Папа Герг, Михо, Стајо, Герг, Димо и Јорг. Вкупниот приход за државата од селото е 2.090 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 105 200п|десно|мини|Селската чешма Според статистиката на Васил Иванов К’нчов од 1900 година („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чука има 154 жители христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.

Во почетокот на XX век целото население на Чука е под владеењето на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година минува под владеењето на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 125. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („Македонија и нејзиното христијанско население“) во 1905 година во Чука има 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 182-183.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чука се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 20 куќи.

Грчка статистика од 1905 година не ја одразува промената и го претставува селото Чука (Τσούκα) како грчко село со 150 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Tsouka.

Според Георги Константинов Бистрицки, Чука пред Прва балканска војна во 1912 година има 30 македонски куќи и 1 грчка,Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8. а според Георги Христов, 30 македонски и 1 влашка.Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.

Во Грција

Пред војната селото е окупирано од страна на грчки монархисти и по Втората балканска војна останува во рамките на Грција. За време на Граѓанската војна селото е тешко оштетено и насилно напуштено од жителите, а 59 деца се извадени од комунистичките единици надвор од земјата како деца бегалци. Во 1955 година ненаселеното село е преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος).

Демографија

1913 − 164 жители 1920 − 149 жители 1928 − 152 жители 1940 − 205 жители 1951 − 0 жители

Културни и природни знаменитости

Крај селото е обновениот манастир „Свети Архангели“ од XIII век

Личности Аргир Михајлов (1790 - 1850) — истакнат македонски зограф и иконописец Паскал Митровски (1912 − 1978) — македонски национален деец Иван Доровски (р. 1945) — македонски писател

Иселеништво

Селото е насилно напуштено во 1949 година. Речиси сите живи поранешни жители се преселиле во Република Македонија и Австралија.

Наводи

Надворешни врски

„Мåш и жена“ — дијалектен текст од Чука, претставник на нестрамскиот говор

Категорија:Чука (Костурско)