Голема Маала или Бујук Маале (, Мегалохори; до 1927 г. Μπουγιούκ Μαχαλέ, Бујук Махале) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа на десниот брег на Струма и на северниот брег на Бутковското Езеро.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Голема Маала била чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Буук (Buuk) било село во Серската Каза со 70 домаќинства сочинети од 246 Македонци. Во него работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзарихија и во него проработела бугарската пропаганда. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 420 Македонци и 60 Роми.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Голема Маала (Golema-Mahala) живееле 640 Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 30 ученици.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 250 жители, кои во 1920 г. се покачиле на 356 лица. Во 1924 г. селото го напуштиле 96 лица (30 семејства), а на нивно место властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Голема Маала имала 629 жители, од кои 336 лица (80 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот македонски староседелци.

Во 1930-тите, по извршените мелиорации на Струма и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, во Голема Маала се доселиле и семејства од погодените села Бахтијар и Мантар, кои денес се непостоечки.

Население

Наводи

Категорија:Синтика