Христо Апостолов Матов (, — , ) — македонски професор, револуционер и еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација.

Се образувал во машката гимназија „Св.Кирил и Методиј" во Солун и словенска филологија на Софискиот универзитет. Бил професор и директор во Сер и во Скопје. Бил покрстен од Даме Груев и станал член на Организацијата во 1895 година). По Солунската провала (јануари 1901), како член на Централниот комитет на Организацијата, бил заточен во Бодрум Кале. Во периодот 1902 — 1905 и 1907 — 1908 бил задграничен претставник во Софија. По Илинденското востание е еден од главните идеолози на Конзервативната струја и се залагал за запазување на стариот централистички принцип. Бил претседател на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година.

По Младотурската револуција бил еден од организаторите на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Солун. За време на Првата светска војна, заедно со Георги Баждаров во Скопје го издавале весникот Родина. По Првата светска војна се повлекол од политичката активност поради здравствени причини.

Автор е на повеќе книги со теоретска, револуционерна, филолошка и литературна содржина. Успешно се занимавал со литературна и со научна дејност, објавувајќи често свои трудови во бугарската периодика под псевдонимот Дримколов. Води остри полемики со Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров и Јане Сандански. Во поезијата остава одвај забележливи траги, иако располагал со творечки нерв, но на револуционерното дело му се посветува без остаток. Автор е на серија впечатливи политички есеи, во кои се разоткрива како непореклив национален мислител. На овие текстови често се потпишува со псевдонимот Брут.

Знаменита е неговата средба со Троцки во Софија.

Животопис Потекло мини|десно|300п|Семејството на Матов Христо Матов е роден на 10 март 1872 година во Струга, тогаш во Османлиското Царство. Негови родители Апостол и Петра имале вкупно 11 деца, но од нив преживеале само шестмина: Димитар, Христо, Милан, Марија, Агнија и Царева. Христо Матов бил роднина и на Царевна Миладинов. Христо Матов бил особено близок со својот брат Милан Матов, исто така истакнат македонски револуционер.„Братята Христо и Милан Матови са били сред стратезите на ВМРО“, в.„Сега“, 08.11.2005 г. Образование и први револуционерни чекори Христо Матов учел во родниот град, а подоцна е еден од првите ученици на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. По завршувањето на кратко бил директор на егзархиското педагошко училиште во Сер. Во 1894 година го отфрли предлогот на Даме Груев и Иван Хаџи Николов за зачленување во Организацијата, но по Мелничкото востание на Македонскиот комитет се предомислил и на 25 август 1895 година влегол во Организацијата Петров, Тодор, Билярски, Цочо, „ВМОРО през погледите на нейните основатели“, Военно Издателство, София, 2002 г., стр. 108, 112, 114. Предавал во педагошко егзархиско училиште во Скопје, а во 1896 година го покрстил во Организацијата тогашниот 15-годишен Тодор Александров . Борба против српската пропаганда

Во 1897 година Матов под псевдонимот Дримколов ја објавил брошурата Српските претензии во Западна Бугарија, во која ги отфрли тврдењата дека Македонија е српска земја. Брошурата започнува вака:

Во таа статија сакам да споделам со читателот неколку мисли за претензиите, коишто во најново време ги подигнаа Србите на онаа наша страна, која етнографски се нарекува Западна Бугарија, а археолошки е позната подот име Македонија... Факт е, константиран веќе, дека македонските Бугари почнале порано да се будат од мизиските и тракијските. Да го оставам за тоа да зборува Дринов: Доста е, кажува тој, да се потсетам, дека Македонци се: и Паисиј, од кого се зафати историјата на бугарската преродба, и, Кирил Пејчиновиќ, Тетовец, автор на една од првите печатени бугарски книги, која што е издадена уште во 1816 г. во Будим, и Хаџи Теодоси Синаитски, татко на бугарското книгопечатание, и Хаџи Јоаким, даскал Крчовски, кој почнал прв да печати книги, напишани на народен бугарски јазик, и Неофит Рилски, патријарх на бугарските учители, и Христаки Павлович Дупничанин, и Јован Димитриевич Охридски, еден од првите бугарски кногоиздавачи во Цариград, и многу други од првите дејци по преродбата на бугарскиот народ Дримколов. „Сръбскит претенции въ Западна България“, Дружество „Св. Климентъ”, книжка 2. Печатница „Просвщение”, София, 1897, стр. 1.Дримколов. „Сръбскит претенции въ Западна България“, Дружество „Св. Климентъ”, книжка 2. Печатница „Просвщение”, София, 1897, стр. 1..

Во перидот помеѓу 1895 — 1898 година бил училиштен инспектор во Скопската епархија. Во летото 1898 година, по интернирањето на Даме Груев во Битола, Матов се вработил како професор по литература во ново-отворениот трговски оддел при Солунската гимназија и заедно со Пере Тошев влегол во Централниот комитет на Организацијата Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.

Солунска афера

На 23 јануари 1901 година (стар стил) се разврзала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев — Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922. Набргу дошло до масовни претреси, а на 25 јануари биле уапсени Христо Матов и Пере Тошев . мини|десно|300п|Једи Куле Најголемиот дел од уапсените биле сместени во истражниот затвор во Солун. Таму се нашле и Христо Татарчев, Христо Матов и Пере Тошев. Тие биле држени во одделни простории со цел преку закани и притисоци да им бидат извлечени потврди за изјавите на Милан Михајлов. По неколку дена тие биле префрлени во централниот вилаетски затвор Једи Куле и им се придружиле на поп Стамат, Димитар Паљошев и другите. На 20 февруари 1901 година било покренато обвинението против 19-мината прво-обвинети. Со него биле обвинети: Милан Михајлов, Кочо Георгиев, Коце Лазаров, Тодор Иванов Карапетков, Васил Мончев, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Поп Стамат и други. Тие биле обвинетеи за државен престап во целина против Отоманското Царство сакајќи:

Да основаат самостојна македонска држава од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилает Георгиев Величко и Стайко Трифонов, Македония и Тракия в борба за свобода (XIX и началото XX век) Нови Документи, София, 1995.

или во најмала рака овие три вилаети да бидат присоединети кон Бугарија . Според еден документот од англиско потекло, тие било обвинети за организирање на револуционерна сила против османската власт со цел:воспоставување во Македонија автономна власт... воспоставување на нова форма на власт (влада) во Македонија . Ова дело било казниво според членовите 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон и според нив следувало смртна казна.

Како резултат на Солунската афера, било одржано судење од 26 февруари до 14 март 1901 г. на кое биле изведени 19 души, членови на Организацијата. Од нив тројца беа осудени на смрт, седум, меѓу кои и Христо Матов и Пере Тошев, на вечен затвор, тројца, меѓу кои и Христо Татарчев и поп Стамат, на петгодишен затвор со синџири, еден на затвор во траење од две години и петмина обвинети биле ослободени.

Поради пренатрупаност во солунскот затвор на 6 јули 1901 година, Татарчев заедно со 38 затвореници, меѓу кој биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев Иван Хаџи Николов и др., бил спроведен до паробродот Марија во сопственост на компанијата Хаџи Даут и испратен за Подрум Кале каде требало да ја издржуваат својата казна. Судскиот процес и нивното патувањето со брод во Анадолија го следел францускиот писател и новинар Пјер Д’Еспања кој ќе бил восхитен од храброто држење на Матов. По една година, францускиот писател објавил роман за македонската борба и за него ќе ја напише посвета:

На Христо Матов, филолог и учител, осуден на доживотен затвор во Будрун. На мрачните и негови славни другари по судбина, на потиснатите, на победените, на мртвите.

Задграничен претставник мини|десно|350п|Софија Заедно со Христо Татарчев и Пере Тошев бил помилуван од султанот на 19 август 1902 година. При крајот на 1902 година е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија. Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници: Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет.

Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес. Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.

Во екот на востанието, Задграничното претставништво во име на Организацијата се обратило до големите сили. Преку Декларација било истакнато дека вмешувањето на големите сили е: единствено средство за се отстрани злото и да се запре пролевањето на крвта Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995. Се побарало со согласност на големите сили, за главен управник во Македонија да се назначи христијанин, кој немало да припаѓа на турската администрација и ќе делуваал независно од Високата Порта. Било потенцирано дека македонското прашање може да биде решено само доколку постои ефикасна меѓународна контрола.

Основите на Организацијата од Брут

По Илинденското востание во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. Овие средби се случувале од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, а главно прашање било правецот на делување по неуспешното востание.

На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе произлезат две струи, едната концепција била претставена од Христо Матов кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата.

Оттука Христо Матов ја создал брошурата „Основите на Организацијата од Брут“ во мај 1904 година како противтежа на Директива за идната дејност на Организацијата прокламирана од спротивната струја.

Расцеп на Македонската револуционерна организација

лево|мини|200п|Главна страница на "Соопштение на мнозинството делегати на општиот конгрес на Организацијата" од јануари 1907 година. Серската група на Сандански откако не успеа процедурално да наметне мнозинство делегати на предвидениот конгрес во Софија, се повлекла во Рила. Судирот настанал околу членот 3 од Правилникот на ВМОРО во кои било истакнато:

Секој член кои ја напуштил организациската територија, дали бил тој службено лице или не, ги губи правата сè додека е надворПравилник на ВМОРО - Според оригиналот што се чува во библиотеката на групата за Историја при Филозофскиот факултет во Скопје