Борис Сарафов (12 јули 1872 — 28 ноември 1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.
По завршувањето на основното образование во родното село и на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белоградчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење при што собира и обучува чета, а во т.н. Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Подоцна се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по четири месеци се враќа во Софија.
По смртта на Китанчев доаѓа до расцеп во Врховниот македонски комитет. Со поддршка на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, на Шестиот конгрес на македонската емиграција во Софија, Сарафов е избран за претседател на Македонскиот комитет. Со својот авантуристички дух и патриотски ентузијазам, тој развива широка внатрешна и надворешна активност, што не е во согласност со политиката на кнезот Фердинанд. Заедно со сите членови на Врховниот комитет тој е уапсен, а потоа е ослободен од судот.
Често патува низ Европа и во Русија. Со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари, ами просто Македонци. Оваа изјава подоцна станува насловно мото на сите изданија на македонската колонија во Санкт Петербург. Сарафов ги помага и солунските гемиџии.
На Осмиот конгрес на македонската емиграција во Софија на чело на Врховниот комитет се поставени Бугарите Стојан Михајловски и генералот Иван Цончев. Потоа се заострува борбата помеѓу врховистите и централистите и тогаш настанува струјата на сарафистите.
Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) тој е обвинет за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, како и за примање пари од српската и од бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп, а Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Двајцата се осудени од Серскиот револуционерен округ и убиени во Софија.
Сарафов користел повеќе псевдонимите или бил именуван со разни имиња: Александар Иванович, Бегот, Богдан Петров, Борис Иванов, Владимир Николаев, Керим-паша, Крум, Крумски, Мајстор, Ојнак, Принцот, Торос и др.Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 7, 15, 17, 18, 23, 52, 56, 62, 73, 80, 95..
Потекло
Либјахово
Селото Либјахово (денес Илинден) се наоѓа во планински регион, во северните падини на планината Стргач, 18 километри југоисточно од градот Неврокоп (денес Гоце Делчев). Во 19 век, Либјахово било големо село со мнозинско македонско христијанско население и припаѓало на Неврокопската Каза, во состав на Серскиот Санџак. Во 1828-1831 година, во селото е изградена црквата Успение Богородичино. Според една статистика од 1878 година, во 1873 година селото имало 253 куќи со 850 жители,„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 126-127. додека според Стефан Верковиќ, селото имало 245 куќи.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
Во 1891 година, Васил К’нчов го посетил Либјахово и запишал: Либјахово има многу убав изглед. Тоа е расположено на една мала притока на р. Буровица. Има прекрасен изглед од врвот... Над него... се гледаат обработени ниви, а надолу - ливади. Тоа брои 300 куќи бугарски (Македонци-егзархисти б.н.). Селаните се пробудени како и гајтаниновци. Од 1870 година имаат бугарско (егзархиско б.н.) училиште. Стоеја во редовите на првите борци во борбата со (патријаршискиот б.н.) владиката, но во 1887 година, силно заплашени од воениот командант во Неврокоп, ја признаа власта на владиката. Оваа година тие одново се откажаа од негоКънчов, Васил. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр. 229.. Според К’нчов, во 1900 година селото имало 1720 жители од кои 1660 Македонци и 60 РомиОрохидрографија на Македонија.
Сарафови
200px|мини|лево|Сирма и Петар Сарафови 350px|мини|десно|Борис Сарафов со својата фамилија Борис Сарафов е роден на 12 јуни 1872 година во неврокопското село Либјахово, во истакнатото преродбеничко семејство Сарафови. Неговата мајка Сирма била ќерка на Харитон Карпузов.
Дедото на Борис Сарафов бил харизматичен и енергичен водач во црковните борби во Источна Македонија. Учествувал во народниот собор од 1869 година во село Гајтаниново, на којшто се отфрла јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Во периодот 1871-1873 бил претседател на Неврокопската егзархиска црковна општина. Во 1872 година е предложен за архијереј на Неврокопската епархија, но кандидатурата не му е прифатена од сите месни дејци. Според македонските истражувачи во периодот 1873-1874 поп Харитон е еден од главните агитатори на таканареченото унијатско движење за одвојување на македонските црковни општини од Бугарската егзархија, во засебна црква „да ја воскреснат Охридска архиепископија“ преку унијатството со Ватикан.ПИСМО НА ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО ЕГЗАРХОТ АНТИМ I ( јануари 1874, Солун) Но тоа движење, очекувано, не успеало.
Неговиот татко Петар Сарафов бил преродбенски учител, неговиот чичко Коста Сарафов и дедо му архимандритот Харитон Карпузов биле водачи на борбата против Цариградската патријаршија во Неврокопско и Серско. Петар Сарафов е еден од иницијаторите на народниот собор, одржан во 1869 година во село Гајтаниново, на кој била отфрлена власта на Цариградската патријаршија. Во 1873 година неговиот татко бил меѓу основачите на учителското друштво "Просветителство". Петар Сарафов меѓу 1882-1884 година ја извршувал функцијата егзархиски инспектор на сите училишта во источна МакедонијаЦаревна Миладинова, "От Бяло море до Витоша", во: Мир, 40, No 10055, 18 януари 1934 г.. Неговиот татко заедно со архимандритот Харитон Карпузов - тогаш претседател на егзархиската општина во Сер во 1885 година биле уапсени од османлиските власти под обвинение за револуционерна дејност. Петар Сарафов и Карпузов биле осудени на 16 години заточение во Мала Азија. Најпрво биле испратени во Смирна, а потоа биле преместени во градот Караман. Во 1887 година, преку Цариград избегале за Одеса, а потоа се преселиле во Софија. Во престолнината на бугарската држава, Петар се вработил во министерството за надворешни работи како преведувач.
Неговиот поголем брат Ангел Сарафов бил лекар и офицер, Крсто Сарафов неговиот помал брат е познат глумец , сестра му доктор Злата Сарафова била претседателката на Македонскиот женски сојуз Гаджев, Иван. История на българската емиграция в Северна Америка: поглед отвърте, Томове 1–2, Институт по история на българската емиграция в Северна Америка, 2003 стр. 217., негов братучед бил полковник Димитар Стојков.
Образование
Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“
мини|лево|150п|Гоце Делчев мини|350x350пкс|Солунската машка гимназија Борис Сарафов најпрво се школувал во месното егзархиско училиште. Потоа се запишал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Борис Сарафов и другиВанчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003.
Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзархиски, туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија. Во неа предавале еминентни македонски и странски професори. Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други, а меѓу учениците кружела и забранета литература.
Револуционерниот дух бил сè повеќе присутен меѓу учениците на Солунската гимназија. Во 1889 година во пансионот на гимназијата делувале три ученички кружоци: литературен, филозофско-научен и бунтарски (револуционерен). Со револуционерниот кружок раководеле Борис Сарафов и Димитар ПажевДимитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот Вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982. Во револуционерниот кружок членувале Гоце Делчев, Христо Чемков, Атанас Мурџев и други. Во кружокот биле проучувани делата на Љубен Каравелов, Христо Ботев, Захариј Стојанов, Иван Вазов, како и биографиите на познатите револуционери: Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Џорџ Вашингтон, Лафајет, Костјушко, Домбровски, Кошут, Лавров, Кропоткин, Бакунин, Степњак и другиК. Кондовъ, Гоце Делчев и другаритеж му, Сборник Илинден, София, 1926, 139-140. Во есента 1890 година, по заминувањето на Борис Сарафов и Пажев, Гоце Делчев станал раководител на училишниот револуционерен кружок.
Кнежевско воено училиште
Во 1890 година се запишал во Военото училиште во Софија, заедно со Димитар Думбалаков, Иван Пожарлиев, Христо Саракинов. Во јули 1891 година петчлена група на незавршени солунски средношколци (Гоце Делчев од Кукуш, Стамат Стаматов од Дебар, Илија Кондураџиев од Прилеп, Гоце Имов од Кукуш и Стефан Стрезов од Копривиштица), се нашла во бугарската престолнина Софија. Целиот солунски револуционерен кружок се нашол во военото училиште. Во Кнежевското бугарско воено училиште за трите години, меѓу другите, се школувале и педесетина Македонци. Групата на Гоце и припаѓала на 13-та класа. На претходната, 12-та класа питомци ѝ припаѓале поранешните солунски ученици Борис Сарафов, Георги Апостолов и Димитар Атанасов, кои го поздравиле доаѓањето на новата група. Со Гоце Делчев и Борис Дрангов создаваат револуционерна група поврзана со онаа на Дамјан Груев на Софискиот универзитет.
Погледи
300px|мини|десно| Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Изјава на Борис Сарафов од 1902 година. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на македонската колонија во Санкт Петербург. 200px|мини|лево| Такома тајмс (The Tacoma times), 16 февруари 1904 година Кон крајот на март 1902 година, српскиот дипломатски претставник во Софија, врховистичката пенетрација во Македонија ја оценил како поинаква во однос на претходните. Според него, новото врховистичко навлегување било резултат на раздорот помеѓу поранешниот и актуелниот Врховен комитет, првенствено поради различните погледи за решавање на македонското прашање. Според српскиот дипломат: Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанд, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и претставник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт..., 399.