Стојан Николов Михајловски ― бугарски писател, филозоф, општественик, деец на Македонскиот комитет и учесник во македонското револуционерно движење Словото .
Потекло и школување
Стојан Михајловски бил потомок на стар бугарски преродбенички род. Тој е син на Никола Михајловски, внук на Иларион Макариополски. Учел во Трново (1865-1868), завршил при Галата сарај во Цариград (1872), а таму бил соученик на Константин Величков. Подоцна бил бугарски учител во Дојран (1872-1874), Во текот на 1875 година заминал за Екс ан Прованс, Франција, каде што го изучувал право.
Општествена служба
По Берлинскиот конгрес работел како адвокат и судија, станал член на судскиот совет, главен уредник (1880) на весникот „Народен глас“ во Пловдив и началник на одделение при Министерството за внатрешни работи (1880).
Михајловски завршил право во Франција во текот на 1883, а потоа станал главен секретар при Министерството за правосудсто (1883-1884), член на Русенскиот апелационен сдд (1887), учител по француски јазик во Русенската машка гимназија (1889).
Политичка дејност
Стојан Михајловски бил претседател на Македонскиот комитет (1901-1903) и народен пратеник (1886-1887, 1894–1896, 1903-1908).
Поради статијата Потајностите на бугарскиот двор која била издадена во весникот Ден и била насочена против Фердинанд I, бил осуден условно. Во текот на 1905 година се повлекол од политичката и општествената дејност.
Дела Сцени от парламентарния живот в България. 1884 Бог. Библейски стихотворения. 1889 Поема на злото. 1889 /1939, 1943/ Novissima verba. Стихотворения. Т. 1. 1889 Железни струни. Стихотворения. 1890 Currente calamo. Краевековни стихотворения. 1890 Книга без заглавие. Стихотворения. Ч. 1. 1892 Сатири. Нашите писачи и газетари. 1893 Философически и сатирически сонети. 1895 Книга за българския народ. 1897 / 1931, 1938, 1946, 1991/ По прекия друм. Бележки и размишления. 1901 Пробуда и възход. 1902 Книга за оскърбените и онеправданите. 1903 Източни легенди. 1904 Днес чук, утре наковалня. 1905 От развала към провала. Диалогизирани очерки. 1905 Словоборците станаха богоборци. Поема. 1908 Позив към българския народ и българската интелигенция. Ч. 1. 1911 Съчинения. Т. 1. 1918 Избрани творения. 1931 /1938/ Съчинения. Т. 1–3. Избр. творения. Книга за българския народ. Поема на злото. 1938–39 Събрани басни. 1939 Неиздадени съчинения. Т. 1–2. Увод, бел. и уредба от Ив. Богданов. 1940–41 Божествен размирник. Под. ред. на Ив. Богданов. 1943 Избрани съчинения. Т. 1. 1947. Т. 5. 1948 Избрани стихотворения. Антология. 1948 Избрани съчинения. В 2 т. 1960 Басни. Епиграми. Сатири. Лирика. 1967 Стихотворения. 1967 Епиграми. 1969 Избрани творби. 1974 Избрани творби. 1987 /1986/ Божествен размирник. Философска поезия и проза. Съст. и предг. Ат. Натев. 1987.
Извори
Надворешни врски
Черен прах Иван Христов
Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Бугарски писатели Категорија:Членови на БАН Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет Категорија:Починати во Софија Категорија:Родени во 1856 година Категорија:Починати во 1927 година