Маргарит Ѓорѓи Димица — Димзо (, — , ) — грчки историчар и филолог со македонско потекло. Во грчката наука е познат под името Маргаритис Димицас (Μαργαρίτης Δήμιτσας).

Животопис Димзо е роден во Охрид во 1830 година во македонско, а според некои во влашко семејство. Тој е првиот учен што напишал дела за античката топографија на Македонија и исцрпно ги регистрирал дотогаш познатите камени, епиграфски споменици. Се залагал за обновување на Охридската архиепископија со автокефален статус. Неговите потомци Димзови и денес живеат во стариот дел на Охрид – Варош.

Тој бил епиграф и историчар, специјалист за античка топографија и географија. Учел во Охрид и Јанина, а на универзитетот во Атина завршил филологија. Подоцна во Лајпциг и Берлин специјализирал класична филологија, филозофија и археологија. Работел во Битола и Солун. Во сворто училиште во Битола во 1851 година го основал првиот гимназиски клас.Παπαδόπουλος Στ, εκπαιδευτική και κοινωνική δραστηριότητα του Ελληνισμού της Μακεδονίας κατά τον τελευταίο αιώνα της Τουρκοκρατίας, Θεσσαλονίκη 1970, σ.137. Цитат по София Илиаду – Таху.

Маргарит Димзо напишал три книги кои за тема ја имаат Македонија. Во една пишувал посебно за Охридската архиепископија, во која се осудува нејзиното неправедно укинување во 1767 година. Бил изразит Гркоман и деец на Грчката пропаганда во Македонија.Трайков, Никола. Един родоотстъпник за дейността на Димитър Миладинов в Кукуш, в: „Братя Миладинови. За памет на 75 години от тяхната мъченическа смърт”, С., 1937 Починал во Атина во 1903 година. Во 2016 година, познатиот охридски историчар на уметноста Гоце Жура издал монографија за него.ГОЦЕ А.ЖУРА ИЗВЛЕКУВА ОД ЗАБОРАВ УШТЕ ЕДЕН УЧЕН ЧОВЕК ОД ОХРИД

Поврзано Куќа на Димзови — семејната куќа, прогласена за културно наследство на Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Гркомани