Константин VII, наречен уште Порфирогенит, Пурпурно-роден (роден во виолетово во царските одаи, ; 905 — 959) — византиски цар од 913 до 959 година. Тој бил четвртиот владетел од Македонската династија. Него повеќе го интересирале научните води, од што државните работи. Од тука, во науката Константин VII Портфирогенит е познат и како "Царот научник". Роден бил во Цариград, каде што и го завршил својот живот. Негов татко бил византискиот цар Лав VI, а мајка му се викала Зоја. На својата шестгодишна возраст, Константин бил назначен за совладетел на татка си. Меѓутоа, за релативно краток период откако се стекнал со совладателската титула, неговиот татко починал. Па така, малолетниот Константин станал жртва на големите дворски сплетки околу престолот.
Позадина и ран живот left|170px|thumb|Златен солид на Лав VI и Константин VII Спорот на Лав VI со црквата околу браковите Константин VII потекнувал од четвртиот брак на Лав VI со Зоја Карбоноппсина. Претходно царот Лав со посебен закон ја обновил забраната на трет брак, па дури и го осудил склучувањето втор. Меѓутоа, несреќата го бркала царот: третата сопруга Евдокија умрела веќе на 12 април 901. Лав повторно останал вдовец и наскоро почнал да размислува за нов, четвртти брак, со убавата Зоја Карбонопсина. Бидејќи неговиот трет брак предизвикал судир со црквата и бидејќи неговите нови брачни планови наидувале на општо неодобрување, царот можеби не би се решил за повторна можеби и уште потешка повреда на црковните какони и држави закони, ако во 905 Зоја не родела син. Сега на царот му било важно да го легализира раѓањето на својот престолонаследник. На 6 јануари 906 патријархот Никола Мистик во Света Софија го крстил царевиот син, подоцнежниот цар Константин Порфирогенит, добивајќи претходно ветување од царот дека ќе ги прекине односите со Зоја. Меѓутоа, три дена подоцна, Лав се оженил со жената која му подарила син и ја крунисал за августа. Тоа предизвикало големо огорчување во црковните кругови.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 315.
Крунисување за совладетел и регентство Константин Порфирогенит на 9 јуни 911 ја добил царската круна како совладател на Лав VI и со тоа, по толку маки, го обезбедил натамошниот опстанок на Македонската династија.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 316.
По смртта на Лав VI, високо се истакнувала личноста на Алексадар кој бил стрико на шестгодишниот Константин. Тој имал за цел што поскоро да се ослободи од највлијателните луѓе околу малиот цар, што и му успеало. Меѓутоа неговата лоша надворешна политика го турнала од престолот по само една година владеење. На тој начин, веќе седумгодишниот Костантин бил под закрила на седумчленото регенство, кое управувало во негово име на чело со партијархот Никола Мистик.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 316-317.
Ситуацијата била сложена и несигурна. Никола Мистик управувал во име на детето чие раѓање тој не можел да го смета за законито и чие крунисување не го признавал. Против него опозицијата била водена од најверните елементи на династијата, собрани околу царицата-вдовица, и еден дел од свештенството кој му останал верен на отфрлениот патријарх Евтимиј. Несигурната ситуација ја искористил врховниот заповедник на војската, доместикот на Схола, Константин Дука, и поттикнат од самиот патријарх, се обидел да се домогне од престолот. Овој обид бил спречен дури по уличните борби во престолнината. Во таква ситуација започнала несреќната војна со моќниот бугарски владетел.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 317.
Планот на Симеон за узурпирање на византискиот престол Симеон без отпор се пробил во византиските земји и веќе во август 913 стоел пред ѕидините на престрашената престолнина. Тој не дошол во Византија само заради грабежи и освојувања. Негова цел била царска круна. Како византиски воспитаник, Симеон кого самите Византијци го нарекувале "полугрк", бил обземен од идејата за возвишеноста на царското достоинство и, слично на Византијците, убеден дека во целиот свет може да постои само едно единствено царство. Тој не сакал да создаде посебно Бугарско Царство, туку да основа ново универзално царство, наместо старата Византија. Поради тоа неговата борба против Византија имала исклучително значење, поради тоа таа се издвојува од сите оние вообичаени војни што Византија ги водела со своите немирни соседи и претставува едно од најтешките искушенија во нејзината историја. Во борбите за Царството во средниот век се огладала борбата за хегемонија. Византија го бранела од Симеон своето предимство во хиерархијата на христијанските држави.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 317-318.
Доаѓајќи пред цариградските ѕидини, Симеон морал да увиди дека ни тој не е во ситуација да ја освои оваа најсилна тврдина на тогашниот свет, па стапил во преговори со византиската влада. Патријархот Никола Мистик го пречекал на царскиот двор, во присутство на младиот цар Константин VII, со големи почести. Вонредните концесии биле последица на нивните преговори. Всушност, византиската влада капитулирала пред притисокот на моќниот бугарски владетел. Симеон ја добил од патријархот царската круна и ветувањето дека младиот цар Константин VII ќе се ожени со неговата ќерка. Секако, Симеон со тоа не бил прогласен за совладетел на Константин VII, туку бил само признат за цар на Бугарија, но и без тоа неговата цел била речиси постигната: добивајќи царска титула, тој како дедо на малолетниот василевс сигурно би станал вистински господар на Византиското царство. Оттаму сега можел да се врати во својата земја, ветувајќи и на Византија траен мир.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 318.
Борбите против Симеон Меѓутоа, наскоро по Симеоновото заминување, во Византија дошло до пресврт кој ги спречил сите негови горди надежи. Регентсвото на патријархот Никола Мистик, судејќи по се поради тоа што концесиите, што му ги направил на Симеон биле премногу далекусежни. Царицата-мајка Зоја се вратила во дворот и ја презела власта во свои раце. Нејзината влада го отфрлила планот за бугарско-византискиот брак и ја оповргнала правната важност на Симеоновото крунисување. Оттаму меѓу Бугарија и Византија повторно избувнала војна. Бугаритте навлегле во Тракија и Симеон барал од византискиот народ да го признае за свој цар. Во септември 914 му се предало Едрене, идните години тој ги пустошел областите на Солун и Драч. Владата на Зоја морала да ја прими борбата. Врховната команда како доместик на Схола ја имал Лав Фока, син на славниот Никифор, кој меѓутоа не го наследил татковиот стратешки талент. Покрај него бил и неговиот брат Варда, татко на подоцнежниот цар Никифор II Фока. На чело на морнарицата стоел како друнгарија на царската флота, Роман Лакапин, син на обичен стратиот, кој и сам ја започнал кариерата како војник на темата Арменијака.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 318-319.
По опсежните подготовки, византиските оружени сили се пробиле во непријателската земја долж брегот на Црното Море. Симеон ги нападнал Византијците на реката Ахелоја, блиску до Анхијал, и на 20 август 917 ја разбил и сосема уништил нивната војска. По оваа катастрофа, Византијците наскоро претрпеле и нов пораз кај Катасирт, во близина на самата престолнина. Симеон бил господар на Балканскиот Полуостров. Во 918 година упаднал во Грција и се пробил сè до Коринтскиот Залив.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 319.
Роман Лакапин како нов регент Ако регентството на патријархот Никола Мистик паднало поради тоа што било премногу попустливо спрема Симеоновите барања, истовремено владата на царицата Зоја морала да падне затоа што нејзиниот непопустлив став бил во очигледна несогласност со нејзините сили и способности. Тешката положба во која западнало Царството барала јака и енергична влада. Единствен човек кој и бил дораснат на ситуацијата бил друнгаријата Роман Лакапин. Тој успеал да ги надитри сите свои аристократски соперници и да ја земе власта во свои раце. Со голема вештина Роман постепено ја отстранил царицата Зоја и нејзините помагачи и се зацврстил на власта. Младиот цар Константин VII се оженил во мај 919, со Елена, ќерка на новиот регент. Како царев дедо, Роман Лакапин ја добил титулата василеопатор. Но наскоро тој се искачил уште повисоко: на 24 септември 920 неговиот зет го крунисал за цезар, а на 17 декември истата година за цар-совладетел. Така Роман го постигнал тоа што на Симеон не му пошло од рака: му станал дедо и совладетел на младиот легитимен цар, па според тоа и господар на Византиското царство.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 320-321.
Владеење како трет цар Во сенка на Роман Лакапин и неговите синови Роман Лакапин ја зацврстил и ја обезбедил својата власт над Византиското царство. Тој долго не се задоволил со позицијата на совладетел на својот млад зет. Наскоро односот меѓу нив и официјално се променил: Роман I станал врховен господар, а Константин VII ја зазел положбата на совладетел на својот дедо. За цареви совладетели биле крунисани и синовите на Роман Лакапин: Христофор на 20 мај 921, а Стефан и Константин на 25 декември 924 Притоа и Христофор добил повисок ранг од Константин Порфирогенит, заземајќи ја положбата на втор цар и престолонаследник на својот татко, додека претставникот на легитимната Македонска династија морал да се задоволи со декоративната улога на трет цар. Така Роман Лакапин покрај Македонската династија создал своја споствена династија и и обезбедил предимство. Тројца негови синови носеле царска титула, а на четвртиот, Теофилакт, му била преодредена духовна кариера: уште како дете тој му бил синкел на патријархот Никола Мистик, а наскоро и самиот станал патријарх.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 327-328.
Отстранување на Роман и враќање на престолот Стариот цар Роман, чија позиција изгледала толку безбедна, станал жртва на властољубието на своите синови. Неговиот првенец Христофор, кого тој го определил за престолонаследник, умрел во 931 година. Точно оценувајќи ги своите помлади синови, Роман не ги ставил пред легитимниот цар Константин Порфирогенит, па Стефан и Константин, плашејќи се дека по татковата смрт царската власт ќе му припадне на Константин Порфирогенит, решиле да изведат државен удар. На 16 декември 944 стариот цар по нивни налог бил фатен и протеран во прогонство, каде што и го завршил животот како калуѓер на 15 јуни 948.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 336.
Меѓутоа, ако било кој имал корист од паѓањето на Роман, тоа секако бил Константин Порфирогенит. Како претставник на Македонската династија, тој можел да се потпре на силните династички чувства на цариградското население, додека младите Лакапини немале никаква потпара. Токму со тоа што го отстраниле својот татко тие се "ослободиле" себеси од единствената сигурна потпора. До изведувањето на вториот чин на нивниот заговор, отстранувањето на легитимниот цар, воопшто не дошло. На 27 јануари 945 тие биле уапсени по налог на Константин VII и биле испратени во прогонство, каде што подоцна двајцата умреле од насилна смрт. Така Константин VII Порфирогенит, најпосле ја презел царската власт во својата четириесетта година, откако од најраното детство, цели триесет и три години, носел царска круна. На Велигден, на 6 април 945, ја добил царската титула и неговиот син Роман.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 336-337.
Внатрешна политика Влијание