Александар Обреновиќ (српски: Александар Обреновић, , - , ) бил крал на Србија, последен српски владетел од династијата Обреновиќ.
Во 1889 година, неговиот татко, кралот Милан I Обреновиќ абдицирал во негова корист. Александар тогаш имал дванаесет години, а во негово име владеел Наместнички совет на чело со Јован Ристиќ. Во 1893 година, Александар, најверојатно со помош на својот татко Милан Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996, извршил државен удар. Во текот на еден банкет во кралскиот двор биле уапсени намесниците и министрите, Александар се прогласил за полнолетен и го суспендирал уставот.
За да му се забалагодари на својот татко Милан за драгоцените совети, го именувал за шеф на една паралалена полиција, која со помош на војската и администрацијата, помогнала во создавање на авторитарен режим. Александар I ги расипал односите со националистичките партии и владеел со помош на луѓе кои биле наклонети кон Австроунгарија, како што бил Христиќ.
Предизвикал турбуленции во политичкиот живот на конзервативната Србија, кога решил да се ожени со Драга Машин, дворска дама кај неговата мајка, кралицата Наталија. Драга Машин била вдовица на машински инженер, а снаа на еден српски офицер и уживала сомнителен глас. По склучувањето на бракот, Александар го изгубил својот углед и бил политички изолиран во својата држава.
На 11 јуни 1903 година, Александар и неговата жена биле убиени во Стариот Двор во Белград како резултат на еден воен заговор Драгиша Васић, Деветсто Трећа. Мајски преврат (1925). (Миомир Миленовић), а нивните тела биле фрлени низ прозорец. Двојното убиство во Белград, ја запрепастило Европа. Официјалното соопштение за нивната смрт гласело: Кралот, во гнев или лудило, ги убил своите двајца аѓутанти, па кралицата, а потоа извршил самоубиство Династија Обреновиќ
мини|лево|150п|Алексанадр во 1882 годинамини|десно|300п|Стариот Двор во Белград Александар Обреновиќ е роден на 14 август 1876 година во породилиште кое било лично финансирано од неговиот татко, српскиот владетел Милан Обреновиќ . Грижата за младиот Александар ја презел неговиот татко.
Милан на свој трошок го испратил својот син на школување во Париз. Во престолнината на Франција, со Александар биле и двајца истакнати пријатели на династијата Обреновиќ, Јован Ристиќ и Коста Протиќ, подоцна тие биле намесници за време на Александровото малолетство. Александар се стекнал со солидно образование, а меѓу друготот ги научил францускиот и рускиот јазик.
Во 1887 година, Александар се вратил во Белград, таму со неполни единаесет години постојано се наоѓал на српскиот двор, каде што за неговото воспитание се грижела гуверната. Таму научил да свири на клавир, да пишува поезија, риболов и да оди на лов. Главно, се наоѓал под надзор на својот татко, кралот Милан Обреновиќ
Владетел на Србија Намесништво мини|лево|150п|Александар во 1890 годинамини|десно|300п|Манастирот Жича На 22 февруари 1889 година, годишнина од прогласувањето на Српското кралство, во Соборната црква во Белград, кралот Милан се појавил со својот тринаестогодишен син Александар во свечена воена униформа и објавил дека се повлекува и го остапува српскиот престол на својот син Александар, но дека во неговото полнолетство со државата требало да управува Намеснички совет. Според уставот, Милан го одредил намесништвото во кое влегле Јован Ристиќ, генералот Коста Протиќ и генералот Јован Белимарковиќ.
Намесништвото презело мерки за подобрување на позициите на династијата Обреновиќ. Биле помилувани приврзаниците на Радикалната партија од обвиненијата и казните поради т.н Тимочка буна. Радикалната партија се вратила во политичкиот живот. Со владата најпрво претседавал Сава Грујиќ, а потоа Никола Пашиќ. Намесништвото се обидело да ги поправи односите со Руското царство. Во летото 1891 година, Александар и Никола Пашиќ го посетиле Санкт Петербург. Рускиот цар Александар истакнал дека Руското царство нема да дозволи Босна и Херцеговина да биде анектирана од Австроунгарија, а тоа ќе и биде пренесено на Виена. Александар и Никола Пашиќ добиле ветување дека Руското царство ќе ја помага српската активност во Македонија.
На предлог на Александар, српската влада и намесништвото му дозволиле на митрополитот Михајло, кој бил протеран од кралот Милан, да се врати во Србија. На 500 - то годишнината од Битката на Косово поле во 1889 година, тринаесетгодишниот Александар во манастирот Жича бил миропомазан од страна на митрополитот Михајло, политичкиот противник на неговиот татко, во присуство на кралските намесници, министерите од српската влада и рускиот престваник Персијаниј. мини|лево|150п|Јован Авакумовиќмини|десно|300п|Лазаровата црква во Крушевац Чинот на миропомазување бил особено свечен. Претходно младиот крал присуствувал на бдение во Лазаровата црква во Крушевац, каде поставил темел за споменикот на паднатите косовски борци, на пат за Жича го посетил манастирот Љубостиња, каде била организирана помен на гробот на Милица. Со посебен закон, било основано Друштво за изградба на храмот на Св. Сава во Врачар.
Кралицата Наталија, мајката на Александар, била разведена и во лоши односи со кралот Милан, била протерана од Белград на 7 мај 1891 година и заминала во бањскиот центар Бијариц, со тогашната дворска дама и идна кралица Драга Машин. На 4 јуни 1892 година, починал намесникот Протиќ, по што дошло до судир помеѓу Никола Пашиќ и Јован Ристиќ. Владата на радикалите паднала и била формирана нова на чело со Јован Авакумовиќ на 9 август 1892 година. Државен удар мини|лево|150п|Александар во 1895 годинамини|десно|300п|Салонот за бал во Стариот Двор во Белград Во февруари 1893 година се одржале паламентарни избори на кои радикалите и либералите освоиле еднаков број на гласови, а во Србија дошло до политичка криза. На 1 април 1893 година, Александар Обреновиќ ги повикал угледните министри и целото намесништво на вечера во Дворот.
Во текот на вечерата, постојано околу Александар имало околу 10-12 офицери кој служеле кака служители. По вечерата, Александар ги повикал гостите во свечениот салон каде им соопштил дека ги презема кралските овластувања и ја разрешува владата и намесништвото. Според некои извори, зад целиот државен удар стоел Милан .
Внатрешна политика мини|лево|150п|Милан Обреновиќмини|десно|150п|Лазар Докиќ Околу Александар тогаш се наоѓале неколку високи офицери, меѓу кој бил и коњаничкиот полковник Лазар Петровиќ, кој подоцна станал негов аѓутант, а кралот му го доделил и чинот генерал. Министрите протестирале против државниот удар, меѓутоа Александар истакнал дека тоа е најдобро за државата. Новата влада била формирана од поранешниот воспитувач на кралот, д-р Лазар Докиќ во која имало неколку угледни радикали.
Во почетокот на своето владеење, Алексанадар на српската влада и ја диктирал својата програма по прашањата од воениот, економскиот и финансискиот живот на српската држава. За да ги потисне радикалите, на 9 јануари во 1894 година, Александар Обреновиќ го повикал својот татко да се врати во Белград.
Милан веднаш започнал да се меша во државните работи. Радикалната партија била незадоволна од враќањето на Милан, нејзините претставници во владата, формирана од Александар, ја напуштиле и преминале во опозиција. Александар се обидел да води политика со неутрални влади, меѓутоа не успеал во тоа. Затоа на 9 мај 1894 година, извршил нов државен удар и го укинал уставот од 1888 година и го вратил стариот од 1869 година.
Надворешна политика мини|лево|150п|Насловна страна на весникот Вечерње новине од 1895 година (Александар и Никола)мини|десно|300п|Балканот во 1891 година Во летото 1894 година, Александар го посетил Цариград каде од османлиските власти побарал отстапки за српската пропагнада, бидејќи српските позиции биле загрозени од Бугарската пропаганда и Бугарската егзархија. На враќање од Османлиското Царство го посетил грчкиот двор.
На пат за Србија, навратил во манастирот Хиландар на Света Гора. Хиландарското братство при неговата посета му го подариле Мирославското евангелие, оригиналната повелба на Стефан Немања и уште неколку ракописи. Оваа посета и неговите финансиски прилози, овозможиле манастирот Хиландар да остане во српски раце. По враќањето во Србија, Александар ги расипал односите со својот татко, а Милан бил принуден повторно да ја напушти српската држава. Недела дена подоцна, од прогонство се вратила кралицата Наталија. Веднаш потоа, на 25 јуни 1895 година, била формирана нова влада на чело со Стојан Новаковиќ.
Александар под влијание на својот татко заминал за Виена, а како знак на добрите односи помеѓу српскиот и виенскиот двор, го одликувал австрискиот министер за финансии и министер за Босна и Херцеговина - Бенјамин Калај со лентата Бел орел, меѓутоа српската јавност негодувала на овој чин.
На Видовден во 1896 година, за првпат во историјата на Србија, дошло до средба помеѓу владетелите на Црна Гора и Србија. Александар му приредил величествен пречек на црногорскиот кнез Никола I Петровиќ, српскиот владетел командувал со воениот ешалон и прв се ракувал со Никола. Во оваа прилика, Никола одржал долг говор и го поздравил српско-црногорското пријателство. На Ѓурѓовден во 1897 година, Александар го посетил Цетиње.
На 19 февруари 1897 година, Александар остварил официјална посета на Софија каде се сретнал со бугарскиот кнез Фердинанд I. Во текот на оваа посета бил потпишан српско-бугарски договор со кој требало да бидат регулирани интересите на Србија и Бугарија во Османлиското Царство. По потпишувањето на овој договор, Александар се смирил со својот татко, а Милан се вратил во Србија. Била формирана нова влада на чело со Владан Ѓорѓевиќ, а кралот Милан бил поставен за главен командант на српската армија. Македонско прашање
мини|лево|150п|Фердинанд Ithumb|300п|Македонското население според австриска статистика Во Македонија најслаби позици имало Кралствотото Србија. Отука Александар презел една сила дипломатска активност. Во мај 1896 година во Белград пристигнал штотуку признаениот бугарски кнез Фердинанд I и Константин Стоилов. Притoа биле водени преговори со Александар и министерот Стојан Новаковиќ. Српскиот министер предложил разграничување на сферите на влијание во Македонија Михајло Војовиќ, Србија во меѓународните односи кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, Белград, 1988, меѓутоа Александар бил многу појасен. Српскиот крал побарал Србија да добие излез на море. Александар сметал дека реката Струма требало да биде граничната линија за сферите на влијание. Константин Стоилов во својот дневник запишал: Тоа прашање не дели. Историја на бугарската дипломатија..., 226Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003.
Во текот на посетата на Никола I Петровиќ во Белград, била постигната согласност за заедничка одбрана на нивните интереси. Црна Гора и го признала правото на Србија над Македонија, а бил договорен и заеднички настап пред османлиските власти за назначување на српски митрополит во Скопје. Црногорскиот министер за надворешни рабори - Гајко Вуковиќ добил задача да работи на постигнување на договор помеѓу Србија и Бугарија во однос на македонското прашање. Меѓутоа, тој по неговата посета на Софија и Белград, заклучил дека српско-бугарските противречности во Македонија се големи и дека двете страни тешко можат да дојдат до заеднички догововор .
По потпишувањето на српско-бугарската спогодба од 1897 година, Србија постојано барала поделба на Македонија. Нејзините предлози биле 50 : 50. На Србија требало да и припаднат териториите западно од реката Вардар со градовите Скопје и Куманово, а Бугарија требало да ја добие територијата источно од Вардар. Според српските предлози, Солун требало да биде заедничкки Историја на бугарската дипломатија..., 240. мини|лево|150п|Црногорскиот кнез Николаthumb|300п|Пелагонија