Александар Иванов Ненов (), наречен Бујнов (Шумен, 26 септември 1879 — Банско, 27 септември 1924) — револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Животопис Александар Ненов е роден во градот Шумен на 26 септември 1879 година. Тој е најстариот син во семејството на богатите занаетчија кој изработувале гајтани и срма за народни носии.Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 177. Се школувал во својот роден град, а завршил гимназија во Софија. Во 1896 година запишува право на Софискиот универзитет, а во 1897 година станува глумец во театарот „Солзи и смеа“. При една од турнеите на театарот во Солун во 1898 година се запознава со дејци на ВМОРО и се вклучува во македонското ослободителното движење. Поради бујниот карактер е нарекуван "Бујниот" и од таму прифаќа името Бујнов.
По Илинденското востание во 1903 година Бујнов го напуштил театарот и се одал целосно на македонското револуционерното движење. До 1905 година е четник во Скопскиот револуционерен округ, а потоа - во Серско, каде што станува еден од блиските на Јане Сандански.
На третиот редовен конгрес на Серско револуционерен округ во 1907 година е избран за член и секретар на окружниот револуционерен комитет. По Младотурската револуција во 1908 година е меѓу основачите на Народната федеративна партија во Солун и е член на Централниот совет. На изборите во 1912 година Бујнов е избран за пратеник во Османлискиот парламент.Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османлиското Царство“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 352 стр.
Во Балканските војни (1912-1913) Александар Бујнов застанува на чело на чета и го заштитува македонското население во Неврокопско и Демирхисарско од настапувањата на Турците и учествува во ослободувањето на Пиринска Македонија. Со него се војводите Димитар Арнаудов, Икономов, Иван Кјумџиев, Грнев, Тухчев и Бакаров. Во борба во селото Црвишта во Шарлија на 22 октомври 1912 година е тешко повреден.
По Првата светска војна е во групата на противниците на Тодор Александров и генерал Александар Протогеров, предводена од Ѓорче Петров. Во април 1923 година е избран за пратеник во Бугарското народно собрание. По превратот од 9 јуни се утврдува во градот Банско. По убиството на Тодор Александров, Александар Бујнов е убиен по пресудата на ВМРО на 27 септември 1924 година во Банско.Биографични данни от библиотека на ВМРО-София„Алманах на българските национални движения след 1878 г.“, София, 2005.Македонски научен институтНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 22 - 23.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 224
Извори
Категорија:Македонски војводи Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски револуционери Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов