Србите се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2021 година нивниот број е 23.847 жители или 1,3% од вкупното население. Од политичка гледна точка, Србите во Македонија имаат 3 свои политички партии (ССМ - Српска странка во Македониjа, ДПСМ - Демократска Партија на Србите во Македонија и СНСМ - Српска напредна странка во Македонија), пратеник во Собранието на РМ, како и некои јавни личности кои учествуваат во политичкиот и културниот живот на Република Македонија.
Историја Првото забележано присуство на Срби во Македонија може да се означи кон крајот на XIX век, меѓутоа тоа е само од формален аспект. Со продорот на српската црковно-просветна и научно-политичка пропаганда во Македонија кон крајот на XIX век, дел од Македонците примиле српска национална свест и започнале да се изјаснуваат и сметаат за Срби, иако немале српско етничко, културно и јазично потекло. Оваа појава се забележува и денес, особено во повеќе села на Скопска Црна Гора каде голем дел од македонското население се изјаснува и смета за српско, иако е со македонско етничко, културно и јазично потекло, а и голем дел од нивните роднини се изјаснуваат и сметаат за Македонци.Србизација mn.mk
Првите доселувања на Срби во Македонија се случуваат по 1913 година, односно по Букурешкиот мировен договор, кога вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на Кралството Србија. Засилено и насилно населување на Срби - колонисти од хрватските области Лика, Кордун и Банија, како и од Црна Гора и Херцеговина се забележува во текот на 20-тите години на XX-от век. Во тоа време, насилно на земјата на Македонците биле населувани српски колонисти од другите краишта на Кралството Југославија, а ним им се давал во сопственост и поголемиот дел од земјоделското земјиште. Во овој период е забележана колонизација на Срби особено во југоисточна Македонија, во Дојранско, Валандовско и Гевгелиско и во рамничарските предели на Пелагонија, Скопското Поле, Росоманско и Неготинско во Повардарието.
За време на Втората светска војна, бугарските власти насилно ги иселуваат скоро сите српски колонисти од Македонија. По силните залагања на Методија Андонов - Ченто и Президиумот на АСНОМ, а со согласност на Јосип Броз Тито, враќањето на српските колонисти во Македонија по завршетокот на Втората светска војна било спречно и забрането.
Во времето на СФРЈ се забележува доселување на Срби во Македонија но со многу намален интензитет. Претежно се населувале воени лица од ЈНА кои често се женеле за Македонки поради што добивале воени станови и останувале во Македонија.
Области и населени места Најголем број на Срби во Македонија претежно живее во градовите и во северниот дел на државата. Најголема застапеност на Срби има во Кумановско (областа Козјачија), Скопска Црна Гора (иако тоа се луѓе со македонско етничко потекло), градот Скопје, а некои потомци од српските колонисти се останати во селата Огњанци (Скопско) каде живеат измешани со Македонци, Албанци и Роми, и во селата Јосифово (Валандовско), Марвинци (Гевгелиско), Црничани (Дојранско) и Росоман (Тиквешко) каде живеат измешани со Македонци и го имаат прифатено месниот македонски југоисточен дијалект.
Статистички Србите во Македонија се најзастапени во општините: Чучер-Сандево со 28,6%, Старо Нагоричане со 19,1%, Куманово со 10,5% и градот Скопје со 2,82% каде што живее најголемиот број на Срби во Македонија.
Населени места мини|300x300пкс|Карта на Србите во Македонија (2021) мини|Спомен-костурницата во 1937 година Присутност на Србите по населени места, според пописните резултати од 2002 година: Населено местоВкупноСрбиГрад Скопје467 25714.251Куманово70.8424.727Кучевиште3.1671.654Тромеѓа1.298604Тетово52.915587Табановце910516Долно Коњаре1.286516Карпош (Куманово)5.433503Битола74.550499Старо Нагоричане555452Речица557445Охрид42.033331Матејче3.394325Горно Коњаре1.136314Велес43.716297Гевгелија15.685292Селемли327292Бањане597288Марвинци540280Штип43.652272Огњанци1.142256Љубодраг686243Мршевци651242Росоман2.554238Умин Дол442226Четирце249215Никуљане210205Ново Село (Кумановско)274204Пепелиште1.070194Чучер-Сандево299180Богданци6.011176Илинден4.931176Струмица35.311175Јосифово1.730174Иванковци857172Мралино821166Побожје591166Бедиње2.327164Кавадарци29.188159Прилеп66.246151Алгуња237149Гостивар35.847146Кадино2.090140Марино3.533129Криволак1.021127Сирково603127Тремник827121Неготино13.284117Петровец2.65999Крива Паланка14.55888Пробиштип10.81683Кичево27.06782Лопате2.44880Балинци32878Проевце2.31173Мирковци96972Струга16.55972Брвеница2.91868Кочани28.33063Валандово4.40258Ресен8.74858Радовиш16.22360Свети Николе13.74652М'гленце8451Тимјаник1.15549’Ржаничино85545Режановце70542Сопиште5.32539Кратово6.92439Опае1.99638Карабичане4337Стојаково1.93136Демир Капија3.27534Миладиновци1.27634Стар Дојран36332Биљановце1.23132Глуво34931Сушево (Кумановско)3430Црничани22129Горњане8029Сретеново31529Нов Дојран1.10027Крушево5.33026Делчево11.50025Брајковци43725Дебар14.56122Ѓавато43821Ваташа3.50220Виница10.86320Македонска Каменица5.14720Вратница50520Богородица1.00118Клечевце57317Брзак10416Градско2.21914Берово7.00214Николиќ54113Агино Село96513Дељадровци53212Дуброво10611
Образование и култура Во Република Македонија е овозможено изучување на српскиот јазик за српското малцинство во основното и средното образование. Во минатото скопската гимназија „Орце Николов“ била отворена како гимназија на српски јазик, а денес српски јазик се изучува само во кумановската гимназија. Постои и катедра за српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
На вториот канал на националната телевизија постои програма на српски јазик, а во минатото постоеше и телевизија на српски јазик во Скопје (ТВ 96). Постојат и повеќе списанија на српски јазик, а во Македонија на големо е достапен и печатот на српски јазик од Србија, особено таблоидите, жолтиот и естрадниот печат.
Македонските глумци со српско потекло Дејан Лилиќ и Александар Микиќ во Драмскиот театар ја одгираа првата претстава („Кафез“) на српски јазик во независна Република Македонија. Поради политичките и културните блискости, српскиот јазик многу често се среќава на македонските телевизии и медиуми преку српската музика, песни, филмови, емисии, реални-шоуа и чести гостувања на српски пејачи и уметници во Македонија.
Познати личности Владимир Тодоровиќ – стопанственик и поранешен градоначалник на општина Центар Светомир Шкариќ – универзитетски професор Влада Урошевиќ – академик, книжевник и универзитетски професор Гордана Јовиќ-Стојковска – книжевник, преведувач, есеистичар, издавач, претседател на Национален совет на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ – пратеник во Собранието на РМ и претседател на ДПСМ Тони Симиќ – кошаркар, поранешен македонски репрезентативец Марко Маринковиќ – хип-хоп изведувач Александар Микиќ – глумец Дејан Лилиќ – глумец Драган Павловиќ - Латас – новинар, главен уредник на телевизија Сител и дневниот весник „Вечер“ Вујадин Станојковиќ, југословенски и македонски фудбалер Саша Ќириќ, македонски фудбалер
Поврзано Српска пропаганда во Македонија Демографија на Македонија Срби
Наводи
Надворешни врски СПОНА - културно-информативен центар на Србите во Република Македонија Демократска партија на Србите во Македонија
Категорија:Македонски Срби