Петар Нечовски (, ) е познат македонски изведувач на македонски изворни и новосоздадени песни.

Животопис Нечовски е роден во Ресен на 10 јули 1957 година. Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник. Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада. Настапувал на многу фестивали во Македонија, каде ја понел главната награда како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др. Поголем број аудиопроекти (магнетофонски ленти и ЦД) реализирал за Музичката продукција на МРТ, „Југодиск“ од Белград, за „Сенатор-рекорд“, „Везилка“, „Мистер компани“ и др.

Наводи

Надворешни врски Петар Нечовски на YouTube

Категорија:Луѓе од Ресен Категорија:Македонски фолк пејачи