мини|десно|280п|Приказ на проектот Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија. Во него било планирано да се инвестираат 37 милиони евра.„Мериот хотел ќе се гради на плоштадот во Скопје“, „Идивиди“, 14 мај 2010. Првично, се планирало хотелот да биде отворен во 2013 година, но тоа се случи во 2016 година.„Отворен хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје“ , built.mk, 11.05.2016. Тој е дел од проектот „Скопје 2014“.
Изградбата на хотелот ја најавија генералениот директор на македонската компанија „Дивелоп груп“ и главниот директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, со потпишување на договор за соработка.„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје, Утрински весник, пребарано на 15 мај 2010 г.
Хотелот било планирано да се гради на површина од 20.000 m², во зеленилото наспроти кафулето „Тренд“ на земјиште што компанијата го откупила од физичко лице.
Фасадата на објектот, дело на група австриски архитекти, е арт деко стил. Хотелот било планирано да има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат.
„Мериот“ е водечка компанија за хотелиерство, која поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји. Седиштето на компанијата се наоѓа во САД и има приближно 140.000 вработени.
Наводи
Надворешни врски Закон по мерка на „Мериот“, „Призма“, 6 ноември 2018.
Категорија:Плоштад Македонија Категорија:Хотели во Скопје