Битката кај Ѓаково се одвила на 9 октомври 1537 година како дел од Османлиско-хабсбуршката војна (1526-1552).

По неуспешната опсада на Виена, во 1533 година бил потпишан договор според кој Џон Саполај бил признат за крал на Унгарија како вазал на Османлиското Царство, од страна на Хабсбуршката монархија. Од друга страна, Османлиите пак ја признале хабсбуршката власт над Краство унгарија.

Сепак, ова не ги задоволило посакувањата на Фердинанд I, чии војсководачи започнале чести престрелки по должината на границата. Главно поради ова, Фердинанд одлучил да зададе одлучувачки удар во 1537 година кога испратил околу 24.000 војници составени од Австријци, Унгарци, Германци, Италијанци и Хрвати, под команда на Јохан Кацианер, да го заземат градот Осиек, а со тоа и да го прекршат договорот.

Лошите подготовки и лошата организација не дала големи резултати. Опсадата била неуспешна и христијанската армија се повлекла. По повлекувањето, Османлиите извршиле противнапад каде биле престигнати кај Ѓаково. Околу 200.000 луѓе биле или заробени или убиени, вклучувајќи ги и генералите Лудвиг Лодрон и Павел Бакиц.

Оваа кампања на христијаните претставува една од најголемите неуспеси, често споредувана со Мохачката битка. По оваа војна, во 1538 година бил потпишан нов договор.

Наводи

Категорија:Европа во 1537 година Категорија:Судири во 1537 година Категорија:Битки на Унгарија Категорија:Битки на Светото Римско Царство Категорија:Битки на Австрија Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Отоманското Царство во 16 век Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни