Андон Шурков-Орлов (, 1900 — 1938) — македонски работник и комунист, жртва на Сталиновите чистки.
Животопис
Се вклучува во комунистичкото движење во Велес. Во 1925 година растура леток испечатен од велешките комунисти во врска со убиството на Петар Чаулев. Полицијата дознава за тоа и Шурков, заедно со уште двајца свои сопартијци, бега преку грчката граница со план од Солун по морски пат да стигнат во СССР. Шурков е уапсен од грчката полиција и е затворен на некој грчки остров три месеци. Кога еден советски товарен брод доаѓа на тој остров, Шурков успева да се качи на него и да замине за СССР.
Во СССР доаѓа во втората половина на 1927 година. Го завршува Универзитетот за националните малцинства на Западот, по што е испратен како инструктор во Одеса и работи како функционер во синдикатот на пристанишните работници.
Осуден е на 16 ноември 1937 година, по што најверојатно е и стрелан.
Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса.
Наводи
Литература Tодор Зографски и Димче Зографски „КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930”, ИНИ, Скопје, 1974, 122-123 стр.
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1900 година Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Македонски комунисти Категорија:Сталинови чистки