Специфичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура:
thumb|196x196px|Џозеф Блек, еден од првите научници што го користел овој концепт
Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K).
Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи:
Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:
Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба.
Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина.
Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv).
Специфична топлина на некои тела Оваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија: Супстанција Агрегатна состојба Специфична топлина J/(kg·K) Алуминиум цврста 900 Легура на бакарот и цинкот цврста 377 Бакар цврста 385 Дијамант цврста 502 Етанол течна 2460 Злато цврста 129 Графит цврста 720 Железо цврста 444 Литиум цврста 3582 Жива течна 139 Нафта течна ≈ 2000 Вода течна 4186 цврста (0 °C) 2060 Таму каде не е поинаку назначено се употребени стандардни услови
Наводи
Категорија:Термодинамика Категорија:Физички величини Категорија:Термодинамички својства
ca:Calor específica