Се однесува за член на воена формација што војува на герилски начин. За други значења погледни Партизан (појаснување) Партизан е член на воена формација која војува на партизански (герилски) начин, формирана за да се спротивстави на контролата на странска сила или на окупациска армија. Изразот партизанско движење се користи и за вооружени елементи на теренот кои се спротивставувале на германските окупациони сили во некои земји за време на Втората светска војна.
Овој израз може да се употреби за оние сили кои по Втората светска војна се бореле против советската власт во Источна Европа, или за про-комунистичкиот Виетконг кој се борел против режимот на француските колонијалисти и подоцна против Република Виетнам (поддржана од САД). Партизаните, исто така, може да се наречат и герила, или - зависно од гледната точка, дури и терористи.
Партизаните како тема во уметноста и во популарната култура Македонски народни партизански песни „Дојде време, стара ле мајко“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 128. „Стани Пецо, стани другар“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 129. „Голем мерак имам, мамо“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 54. „На Вичо, еј Вичо планина“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 62. „Листај се, горо, шумај се“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131. „Силна ми војска идеше“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131-132. Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 130-131. „Таму горе во планина“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 132-133. „Гледај ме, мило либе“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 133-134. „Ајде ќе те прашам“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 134. „Абер дојде од Тетово“ - македонска народна песна. „Таму ле, мајко, близу Битола“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 134-135. „Што ми е мило и драго“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 135. „А бре Македонче“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 135-136. „Затвореничка песна“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136. „Сите се писае, мамо“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136-137. „Темен се облак зададе“ - македонска народна песна.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 137-138.
Партизаните како тема во книжевноста „Партизанско утро“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 43. „Марама црвена како крв“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 84. „Два збора“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85. „Курирот и шумата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85-87. „Утрински разговор“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 87. „Девојчето ѝ вели на пролетта“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 85. „Меѓу Маркосовите партизани“ (српски: Међу Маркосовим партизанима) — патопис на српскиот писател Оскар Давичо од 1947 година.„Оскар Давичо“, во: Оскар Давичо, Песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1958, стр. 236. „Појавата на четворица пушкомитралесци“ (српски: Pojava četiri puškomitraljesca) — песна на српскиот поет Оскар Давичо.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 299-303. „Тајната на црвениот замок“ (српски: Tajna crvenog zamka) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 33-62. „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 139-158. „Песната“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 37-38. „Сончева долина (балада)“ — песна на Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 43-45. „Чучурлига“ (српски: Ševa) — песна на српскиот поет Скендер Куленовиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 283-286. „Со партизаните“ — книга на хрватскиот писател Владимир Назор.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967. „За борците“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 32. „Празнична“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 40. „Маски“ — збирка раскази на словенечкиот писател Тоне Селишкар.Тоне Селишкар, Маски. Култура, Скопје, 1975.
Партизански филмови „Партизанска искра“ (руски: Партизанская искра) - советски филм од 1957 година, во режија на Алексеј Масљуков и Мечислава Мајевска.IMDb, Partizanskaya iskra (1957) (пристапено на 23.12.2019) „Партизански приказни“ (српски: Партизанске приче) - југословенски филм од 1960 година, во режија на Столе Јанковиќ.IMDb, Partisan Stories (1960) (пристапено на 23.12.2019) „Козара“ - југословенски филм од 1962 година, во режија на Вељко Булајиќ.IMDb, Kozara (1962) (пристапено на 23.12.2019) „Битката на Неретва“ (српски: Битка на Неретви) - југословенски филм од 1969 година, во режија на Вељко Булајиќ.IMDb, The Battle of Neretva (1969) (пристапено на 23.12.2019) „Валтер го брани Сараево“ (српски: Valter brani Sarajevo) - југословенски филм од 1972 година, во режија на Хајрудин Крвавац. „Сутјеска“ - југословенски филм од 1973 година, во режија на Стипе Делиќ.IMDb, The Battle of Sutjeska (1973) (пристапено на 23.12.2019) „Партизани“ - југословенска тв-серија од 1974 година.IMDb, Partizani (пристапено на 23.12.2019) „Ужичка Република“ - југословенски филм од 1974 година, во режија на Жика Митровиќ.IMDb, Guns of War (1974) (пристапено на 23.12.2019) „Врвовите на Зеленгора“ (српски: Врхови Зеленгоре) - југословенски филм од 1976 година, во режија на Здравко Велимировиќ.IMDb, The Peaks of Zelengore (1976) (пристапено на 23.12.2019) „Бошко Буха“ - југословенски филм од 1978 година, во режија на Бранко Бауер.IMDb, Bosko Buha (1978) (пристапено на 12.1.2020) „Партизанска ескадрила“ - југословенски филм од 1979 година, во режија на Хајрудин Крвавац.IMDb, Partizanska eskadrila (1979) (пристапено на 23.12.2019) „Падот на Италија“ (српскохрватски: Pad Italije) - југословенски филм од 1981 година, во режија на Лордан Зафрановиќ. „Игманскиот марш“ (српски: Игмански марш) - југословенски филм од 1983 година, во режија на Здравко Шотра.IMDb, Igmanski mars (1983) (пристапено на 23.12.2019) „Десантот на Дрвар“ (српскохрватски: Десант на Дрвар) - југословенски филм од 1963 година, во режија на Фадил Хаџиќ.IMDb, Desant na Drvar (1963) (пристапено на 23.12.2019)
Наводи