десно|мини|200п|Класична слика на шеик: Шеикот Сатам де Хададин на Палмира, од рускиот сликар Александр Јаковлев
Шеик или шајк (арапски:شيخ; множина:شيوخ), меѓу арапските племиња, особено Бедуините, е машка глава на семејството, како и на секоја од општествените групи кои ја сочинуваат племенската структура. На шеикот обично му помага неформален племенски совет составен од постари мажи. Во рамките на пошироката заедница која зборува арапски, зборот, исто така, може да се користи како титула или форма за обраќање која означува почит или религиозен авторитет. Неговото значење може да варира од регион во регион.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 238 Зборот исто така се користи и за маж кој има над 40 години.
Шеикот како тема во уметноста и во популарната култура „Шеик“ (англиски: The Sheik) - американски филм од 1921 година, во режија на Џорџ Мелфорд (George Melford).IMDb, The Sheik (1921) (пристапено на 1.4.2020)
Поврзано Калиф Султан Везир
Наводи
Категорија:Наслови на национални или етнички водачи Категорија:Титули