Пајонски плускавец () — македонски флористички ендемит од семејството Caryophyllaceae (каранфили). Познат за клисурите на реката Бабуна кај Велес и Црна Река во Мариовово долината на реката Сатока и карпите кај Оглет.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 331
Опис Многугодишно растение со задрвенест базален дел обвиен со рудиментирани стари листови. Стебленцата се високи до 30 см, вертиканли, во горниот дел речиси голи, а на врвот завршуваат со гроздовидно соцветие со мал број цветови. Листовите се кадифено зелени, долгнавесто лопатовидни, 4-5 мм широки и 20-25 мм долги. Цветните гранчиња кои се најчести 3-4, обично носат еден до три цвета. Цветовите се вертикални, чашката околу 14 мм долга, густо влакнеста. Плодната кутијка долгнавеста и обвиена со чашката. Семките скоро триаглести, со брадавички и со слабо изразена бразда на грбната страна.
Живеалиште Расте по варовнички карпи и камењари од 200 до 800 метри надморска височина.
Наводи
Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на МакедонијаКатегорија:Ендемска флора на Македонија