Христијанското добротворно друштво — културно-просветно друштво формирано од страна на солунското македонско граѓанство со цел да се спротивстават на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.

Основање

По Берлинскиот конгрес солунското македонско граѓанство го формирало Христијанското добротворно друштво. Оваа дружина си поставила за цел да го помага отворањето на училиштата во Солун и неговата околина, притоа да се грижи за учителите, учениците и училишните помагала. Правно овие надлежности и припаѓале на солунската црковно - училишна општина, односно на Егзархијата.

Цел

Солунското граѓанство било незадоволно од егзарихската просветна дејност и форсирањето на филијалите на Христо Г. Данов и н. Манчев во снабдувањето на училиштата со бугарски јазик. Оваа придонело солунското граѓанство да го создаде Христијанско добротворно друштво.

Друштвото се залагало за доследно спроведување на наредбите на вилаетските власти за назначување на отомански поданици за учители, во егзархиските училишта да се користат учебници печатени во Османлиското Царство и тие да бидат одобрени од моариф - комисионс Прот. екз. п., бр. 265 од 29 мај 1882.

Дејност

Затоа Друштвото се обратило на Учителскиот совет во машката гимназија Св. Кирил и Методиј да биде поддржано во неговото барање за отворање на една печатница во Солун, каде би се печателе учебници егзархиските училишта на:

Во Учителскиот совет најголемиот дел од учителите биле родум од Македонија и затоа таквото барањето на Друштвото било прифатено. Советот се обратил во Цариград и побарал дозвола за отворање на печатница во Солун каде би се печателе: учебници, литература и учебни помагала на мајчин јазик.

Барањето до Егзархијата било потпишано од страна на Трајко Китанчев родум од Ресен. Меѓутоа Егзархијата го одбила барањето дека тоа во себе носи:

И покрај негативниот одговор Друштвото започнало со набавка на материјалите за печатницата, финансиските средства биле доверени на приватно лице за тој да ја отвори печатницата на негово име, за да се одбегне судир со Егзархијата. Друштвото се обратило до раководителот на лозаристите во Солун, Августо Бонети и преку него да се купи печатарска машина и букви за предвидената печатница.

Друштвото започнало и дејност за пишување на учебници на македонски јазик . Конкретно на една од своите седници било решено да се отпечати учебникот по минералогија на учителот Стателов напишан на македонски јазик Прот. екз. п., 1882 бр. 619 од 4 ноември 1882 , а на истата седница Кузман Шапкарев бил поканет да напише читанка на македонски јазик

Судир со Егзархијата

Поради таквата дејност Егзархијата го обвинила Друштвото за:

На ваквото обвинение Друштвото истакнало дека тоа е несоновано и не станува збор за сепаратизам, туку за исполнување на владините наредби . Друштвото и покрај обвиненијата продолжило со својата дејност и нејзиниот претседтел Левчев заминал за Виена со цел таму да набави печатарска машина и букви.

Меѓутоа интервенирал Козма Пречистански, тој бил претседател на Егзархиската црковно - училишна општина во Солун, а турските власти Левчев го вратиле назад од границата.

По неуспешниот обид, Друштвото го ангажиарало Самуил Нахмијас да замине во Виена по истата работа. Тој не се вратил со машината за печатање но се вратил со ветување дека уредил Конгрегацијата за пропаганда на верата од Рим да испрати печатница во Солун за потребите на Друштвото Archivio S. Conbregazio di Propagnada Fide - Roma. Цит. фон и писма . Меѓутоа ветувањето не било исполонето.

Растурање

Не откажувањето на Друштвото од својата намера да отвори печатница во Солун довеле до тоа Егзархот преку Козма Пречистански да го обвини Друштвото за илегална дејност и да побара негово растурање бидејќи за неговите темни дејствија Бугарската егзархија не може да се смета за виновна Прот. екз. п., 1884 бр. 63 од 16 јануари 1884, а кон овие обвиненија се приклучил и рускиот конзул од Солун.

Затоа вилатеските солунски власти издале наредба за апсење на видни членови на Друштвото и негово растурање. Сите оние учители од машката гимназија Св. Кирил и Методиј кои се солидзризирале со Друштвото и неговите цели биле суспензирани и прунудени да заминат во Бугарија.

Извори

Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија Категорија:Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди Категорија:Македонско национално движење