Горно Оризари (Велешко) е село кое се наоѓа во западниот дел на Општина Велес во долното сливно подрачје на реката Тополка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Селото е рамничарско на надморска височина од 310 метри, а од градот Велес е оддалечено 8 километри. Селото има полјоделско-сточарски карактер меѓутоа голем дел од населението учествува во дневните индустриски миграции. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници и угостителски објекти и урбанистички план.
Историја Во XIX век, Горно Оризари било село во Велешката Каза на Отоманското Царство.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци 100 Македонци.
Горно Оризари до 1953 година било во најголем дел (90,6 %) населено со Турци, кои масовно се иселувале во Турција, а на нивно место се доселувале Бошњаци (Муслимани) од областа Санџак во Србија.
Во 1961 година селото броело 1.888 жители, од кои 394 биле Македонци, 6 Албанци, 1.363 Турци и 48 останати, додека во 1994 година бројот на населението се зголемило на 2.023 жители, од кои 25 биле Македонци, 55 Албанци, 19 Турци, 1 Ром, 20 Срби и 1.903 останати.
Според пописот од 2002 година, селото има 2.262 жители и претставува една од најголемите села во Велешко.
Последниве години поради големата невработеност значајна е емиграцијата на Бошњаците во Австрија, а Македонците се населуваат обично во Велес.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.723 жители, од кои 63 Македонци, 36 Албанци, 14 Турци, 1 Ром, 2 Срби, 1.474 Бошњаци, 2 останати и 131 лице без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.030195310821.117—2—...3—1.232196139461.363......77...48—1.88819719481544—...45...1.031—1.795198142658——38...1.846—1.9991991242813——23...2.142—2.23019942555191—20...1.903—2.023200211366151—222.03213—2.26220026336141—21.47421311.723
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови Горно Оризари е мешано село.
Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се
Бошњачки
Бошњаците во селото се најмногубројни. Тие се доселени во селото од областа Санџак, поделена помеѓу Србија и Црна Гора. Највеќе домаќинства се доселени од околината на Сјеница (160 куќи). Потоа следуваат доселениците од околината на Нови Пазар (80 куќи), Тутин (60 куќи), Рожаје (10 куќи) и од Пријепоље (10 куќи).
Албански
Албанците во селото се доселени од селата во областа Полог (25 куќи) во западна Македонија. Потоа од селата Долно и Горно Јаболчиште (5 куќи).
Турски
Турците биле меѓу постарите жители на ова село. Но со пропаста на Османлиското Царство, тие почнале да се иселуваат во Турција, а во селото останало само домаќинството на Асан Усеинов (1 куќа).
Ромски - православни
Стојадин (1 куќа), Стојадин 2 (1 куќа), Владо (1 куќа), Душан (1 куќа), Душан 2 (1 куќа), Благоја (1 куќа), Новица (1 куќа) и Бошко (1 куќа). Овие православни ромски домаќинства во селото се доселени од околината на Гнилане во Косово и Метохија.
Македонски
Тодорови (1 куќа), Басилови (1 куќа) и Петрови (1 куќа) доселени се од селата Зеленград, Калиманци и Спанчево во Источна Македонија.
Бугарски
Гоневи (1 куќа), Миланови (1 куќа) и Василови (1 куќа) доселени се од селото Т’лмино кај Босилеград во Србија.
Општествени установи Во Горно Оризари има прва во Македонија диспензирана Општинска канцеларија, каде што граѓаните имаат непосреден контакт за добивање на голем број прашања и информации што се однесуват на локалната власт. Во склоп на канцеларија работи и бесплатна интернет пристапна точка, каде им дава бесплатен интернет на граѓаните на Горно Оризари.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постјат избирачкото место бр. 2209, 2210 и 2210/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 2.167 гласачи.
Редовни настани Во Горно Оризари секоја година на лето се одржуваа културната манифестација „Бошњачки средби“.
Личности Родени Фехим Хусковиќ (р. 1967) — академски сликар и графичар
Починати Благој Кирков (1923–1943) — партизан, учесник во НОБ
Иселеништво Во минатото ова село било чисто турско село, а кои се се помалубројни. По Втората светска војна во селото почнало да се населува и бошњачко население, кое население е најбројно во селото. Сепак преку ова село се имаат иселено преку 100 бошњачки семејства во Турција. Бошњачкото и турското население иселено во Турција се наоѓа во градовите Истанбул и Измир.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес