Миреши (Миреш или Марише; ) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 1 км источно од Трбач. Лежи на самата граница со Македонија. Крај селото тече реката Мирешница, по која оди државната граница, и во близина на селото истата се влева во Црн Дрим на неговиот излез од Дебарското Езеро.
Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Миреши живееле 30 Македонци муслимани.
Според османистот Димитар Гаџанов, во 1916 г. Миреши/Марише имало 20 жители кои, според него, веќе почнале да се изјаснуваат како „Албанци“.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија