Кочо Урдин — раскажувач, романописец и драмски писател. Роден е на 4 јули 1930 година во Струмица. Студирал литература во Белград и Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник на Работничкиот универзитет, Ликовната галерија, Интернационалната ликовна колонија и Музејот во Струмица. Член на ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарските игри „Војдан Чернодрински“.

Книжевно творештво Струмица се бори (хроника, 1954) Смеа низ сокаците (хумористични раскази, 1960) Љубов зад решетки (хроника, 1961) Смелата дружина (роман за деца, 1971) Благој Мучето (хорника, 1975) Афоризми (1975) И кога мислиш размислувај (афоризми, 2000)

Во 2000 година излегува збирката Драми: Во виорот на страста, Мистериозна ламја Диви Дамка.

Категорија:Македонски писатели Категорија:Писатели од Струмица Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Починати во Скопје