Евгенија Шуплинова — македонска поетеса, раскажувач и преведувач.

Животопис

Евгенија е родена на 9 јуни 1930 година во с. Тополчани во околината на Прилеп. Работела како новинар и уредник во „Колибри“ („Нова Македонија“), „Млад борец“ и „Стопански весник“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 година.Евгенија Шуплинова

Книжевно творештво Грешница (поезија, 1960) Тагата на црвениот каранфил (поезија, 1962) Три облачиња (раскази за деца, 1964) Сончева патека (поезија за деца, 1969) Ана и пеперугата (раскази за деца, 1969) Сонце на детските дланки (раскази за деца, 1970) Цинцилин (поезија за деца, 1972) Празник во градината (1975) Септемвриско ѕвонче (поезија за деца, 1982) Грешница (нови песни љубовна поезија, 1992) Зелено пладне Пелагонија (поезија, 1993) Моливчето го боли срце (поезија и раскази, 1994) Неспокој (2003)

Наводи

Надворешни врски Евгенија Шуплинова — портал „Стар Прилеп“

Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Тополчани Категорија:Родени во 1930 година