Ристо Шанев (, , Костурско) — македонски поет. Основно образование завршил во родното село, а средно во Лерин. Почнувајќи од 1957 година, тој го продолжил своето школување во Скопје, каде дипломирал на Правниот факултет. Работел како правник.
Тој бил еден е од основачите на Млади македонски писатели, Млада Струга, како и на изданието Алфа. Тој стана член на ДПМ во 2000 година.
Книжевно творештво Златниот прстен на сеќавањата (поезија, 1995) Далечини (поезија, 1996) Заеднички години (поезија, 1996) Враќање (поезија, 1997) Ноќ и ден во Канада (поезија, 1999)
Соавтор е на монографијата „Пождивишта“, Скопје, 1988.
Категорија:Луѓе од Поздивишта Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски правници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски правници Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Членови на ДПМ