Виктор Б. Шеќероски — македонски поет. Роден е на 24 септември 1942 година во Радожда, Струшко. Се школувал во Јабука и Белград. Завршил Факултет за организациони науки во Белград. Член на ДПМ од 1998 година. Долги години бил директор на издавачките куќи „Графос“ и „Југограф“ од Белград. Директор е на „Македонскиот информативен – издавачки центар” во Србија.

Шеќеровски пишува на македонски и на српски јазик. Автор е многубројни книги поезија, литературна критика и есеи, а превел и многу книги од македонски на српски јазик и обратно. Член е на Здружението на писателите на Србија и Друштвото на писателите на Македонија. Живее и работи во Белград. Добитник е и на голем број награди и признанија – Иселеничка грамота 2008 година на Матицата на иселениците на Република Македонија и на многубројни награди во Србија, Македонија, Бугарија и др. Во 2018 година ја добил наградата „Книжевна далга“.http://spektra.com.mk/mobile/lokalni/viktor-shecerovski-godinashen-laureat-na-strushki-knizevni-sredbi Виктор Шеќеровски годинашен лауреат на „Струшки книжевни средби“ Негова сопруга е поетесата Душица Илин.

Книжевно творештво Време на гласните студенила (поезија, 1972) Ковчег за самотија (поезија, 1976) Промена на просторот (поезија, 1980) Лице на земјата (антологија на поезијата на Турците поети од Југославија, 1982) Критичарите за поезијата на Десанка Максимовиќ (заедно со М. Блечиќ, 1982) По животот по срмтта (поезија, 1988) Белград меѓу песните и сонцето (антологија, 1987) Време зад ѕидот (поезија, 1990). Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Радожда Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Македонци во Србија