Ѓорѓи Спасов (Неготино, ) — македонски политичар, дипломат и универзитетски професор.

Животопис Спасов роден е на 11 август 1949 година во Неготино. Во 1972 година дипломирал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, Србија. Во 1983 година магистрирал, а докторирал во 1993 година на политички науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1976 до 1993, тој работел како асистент, а потоа како научен соработник во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања на Државниот универзитетот во Скопје. Од 1994 до 1997, тој бил амбасадор на Македонија во Бугарија, а од 1996 година и амбасадор во Молдавија. Од 1997 до 1998 година, тој бил министер за правда на Владата на Македонија. Од 1999 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Македонија и професор на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од 2003 до 2007 година, тој бил амбасадор на Македонија во Обединетото Кралство, Ирска и Исланд. Спасов има добиено највисок Орден што им се доделува на странските дипломати во Република Бугарија за дипломатска дејност. Моментално е професор на Правниот факултет на Европскиот Универзитет во Скопје.

Библиографија Спасов има учествувано во реализацијата на домашни и странски научно истражувачки проекти, учествувал на меѓународни конференции и симпозиуми и објавил научни трудови. Член е на Меѓународниот кралски институт за мегународни односи (Чатам Хаус) во Лондон.

Aktuelnite prašanja vo združeniot trud i samoupravuvanjeto: izveštaj od anketa so vrabotenite (1979) Intenzifikacija nastave fizičkog vaspitanja putem rada sa homogenim grupama: doktorska disertacija (1980)

Наводи

Категорија:Политичари од Неготино Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Амбасадори на Македонија во Обединетото Кралство Категорија:Амбасадори на Македонија во Молдавија Категорија:Амбасадори на Македонија во Ирска Категорија:Амбасадори на Македонија во Исланд Категорија:Амбасадори на Македонија во Бугарија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“