Таки Фити (роден на година во Крушево) — македонски економист и политичар, член и поранешен претседател на МАНУ.

Животопис Таки Фити е роден во градот Крушево на 7 ноември 1950 година. Фити бил избран за редовен професор на Економскиот Факултет во Скопје во 1993 година. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје, на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: економија (микроекономија и макроекономија), економски раст и развој, претприемништво, земји во транзиција, модерни макроекономски концепции и политики.

Таки Фити е автор на повеќе од 230 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство - на македонски, француски, англиски, српскохрватски јазик. Исто така, тој бил на научни и студиски престои во Италија, Германија, Велика Британија, Франција и во други земји. Во 2009 година, Фити бил назначен за посетувачки професор на Економскиот факултет во Загреб, Република Хрватска.

Таки Фити во текот на својата кариера извршувал повеќе функции: Декан на Економскиот факултет во Скопје Претседател на Сојузот на економисти на Македонија Министер за финансии на Република Македонија (1996-1998) Гувернер на Светската банка за обнова и развој Гувернер на Европската банка за обнова и развој Вицегувернер на Меѓународниот Монетарен фонд (1996-1998) Член на Advisory Board на Russian and East European Research Centre (University of Wolwerhampton) Консултант на OECD за проекти во областа на малите и средни претпријатија и претприемништвото Член на тимот на советници на Претседателот на Република Македонија (2005-2006), Член на советничкиот одбор на Гувернерот на НБРМ (2005-2008), Копретседател на Blue Ribbon комисијата за Македонија Член на одборите на директори на повеќе македонски претпријатија и банки

Во 2003 година, Фити бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. На 1 јануари 2016 година, Таки Фити бил избран за претседател на МАНУ. Исто така, тој е член на Европскиот совет за култура.

Наводи

Надворешни врски Таки Фити, „Кејнзијанската економска филозофија (од Кејнз до денешни дни)“ , Скопје, 2011.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Крушево Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски Власи Категорија:Југословенски економисти Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Македонски Власи Категорија:Министри за финансии на Република Македонија Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Претседатели на МАНУ Категорија:Претседатели на МАНУ Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Професори на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Економскиот факултет - Скопје