Руапуке (англ. Ruapuke Island) е еден од најјужните острови во главниот архипелаг на Нов Зеланд. Се наоѓа 15 км југоисточно од Блаф и 32 км североисточно од Обан (на Стјуартовиот Остров). Островот зафаќа површина од околу 16 км2 и е сместен на источниот крај на Фовоовиот Проток. Денес е ненаселен, но некогаш имал 200 жители, сите Маори.

Средината на островот е рамна, со височина од 41 m, а на северниот, јужниот и западниот крај се распослани со хумки. Островот е покриен со закржлавени дрвца. Северниот ‘рт на островот е карпеста испакнатина што се издига во хумка со висина од 62 m. Во најзападниот дел островот достигнува надморска височина 64 m.

Поврзано Список на острови на Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски Остров Руапуке - податоци и историја

Категорија:Острови на Нов Зеланд Категорија:Саутленд Категорија:Стјуартов Остров