Фатљум Жута - Љуми (албански: Fatlum Zhuta - Lumi; , ) — македонски боксер во класичен бокс, учесник на европски и светски првенства.

Животопис

Жута е роден во Струга на 18 септември 1988 година. Напоредно со образованието, Жута тренира и класичен бокс. Негов најголем успех му е титулата „најборбен боксер“ која ја добил со победата во финалето на косовскиот боксерски турнир Благодарам НАТО во 2010 година. Тој е член на струшкиот боксерски клуб „Синди“. Настапи Жута до 2010 година има учествувано во 35 натпревари од кои во 27 освојува победи и тоа: 4 пати шампион во бокс во Македонија, 3 пати шампион во бокс на меѓународни натпревари итн.

2007 г. на меѓународен турнир во бокс во Босна и Херцеговина го - сребрен медал 2007 г. во Бања Лука, БиХ -станува меѓународен шампион во бокс - златен медал. 2008 г. учествува на европското првенство во бокс во Ливерпул, Англија. 2009 г. учествува во светското првенство во бокс во Милано, Италија и го освојува 32 место во светот.

Наводи

Категорија:Македонски боксери Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Македонски Албанци Категорија:Велешта