Ленот (науч. Linum usitatissimum) — член на родот Linum во семејството на леновите (Linaceae). Потекнува од подрачјето што се протега од источното Средоземје до Индија.

Ленот е едногодишна зелјеста билка, висока 50-80 сm. Стеблото е тенко, валчесто и слабо обраснато со ситни, долгнавести листови, а на врвот на гранчињата има по еден ситен цвет со сина боја како небо. Плодот е тркалезна чаура со десет семки.Лен, „Билна аптека“

Поврзано Новозеландски лен

Наводи

Категорија:Лен (род) Категорија:Влакнодајни растенија Категорија:Маслодајни растенија Категорија:Лековити растенија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Биоразградливи материјали