Благоја Ханџиски (, ) — македонски политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот од 29 мај 1997 до 30 ноември 1998 година.
Животопис Роден е во 1948 година во селото Владимирово, Беровско. Завршил на Електротехничкиот факултет во Скопје, а подоцна станал и доктор по електротехнички науки. Работел како електроинженер во Рудници и железарница „Скопје“. Бил вработен во Трговското претпријатие „Славија“ - Скопје. Од 1973 година, тој бил вработен на Електротехничкиот факултет како редовен професор.www.sobranie.mk
Бил пратеник во македонското Собрание во мандатот од 1990 до 1994 година.
Добро го знае англискиот јазик, а зборува и француски и руски јазик.
Наводи
Категорија:Луѓе од Владимирово Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Професори на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје