Источноевропското време (EET) — назив за часовниот појас UTC+2, 2 часа пред координираното универзално време. Се користи во извесни земји во Источна Европа. За летно сметање на времето се користи источноевропското летно време (UTC+3).
Употреба Источноевропското време се користи во следниве земји, делови или територии (само зиме):
Белорусија (во 1922-30 и од 1991-2011) Бугарија (од 1894 наваму) Грција (од 1916 наваму) Египет Естонија (во 1921-40 и од 1989 наваму) Израел (од 1948 наваму) Јордан (во 1985-2022) Кипар Латвија (во 1926-40 и од 1989 наваму) Либан Литванија (во 1920 и од 1989 наваму, освен 1998-1999) Молдавија (во 1924-40 и од 1991 наваму) Палестински територии Романија (од 1931 наваму) Сирија (во 1983-2022) Турција (во 1910-78 и од 1978-2022) Украина (во 1924-30 и од 1990 наваму) Финска (од 1921 наваму)
Во Москва EET се користело во 1922-1930 и 1991-1992 г. Во Полска ова време се користело во периодот 1918-1922 г.
За време на II светска војна Германија го применувала средноевропското време (MET или CET) во источните окупирани територии.
Категорија:Часовни појаси