мини|200п|Потпрефектурата во Верден, Меза мини|200п|Потпрефектурата Беле во Ен Потпрефектурите () се населени места - административни центри на окрузите во Франција во кои не се наоѓа префектурата на департманот. „Потпрефектура“ се нарекува и зградата во која е сместена окружната администрација."Sous-préfectures : l'État à proximité", Senat
Чиновникот на чело на потпрефектурата се нарекува „потпрефект“, потпомогнат од генерален секретар. Помеѓу мај 1982 и февруари 1988, потпрефектите се нарекувале „помошници-комесари на Републиката“ (commissaire adjoint de la République).
Во окрузите под управа на префектура, генералниот секретар на префектот игра улога на потпрефект.
Париз е единствената единица без потпрефектури, бидејќи самиот е составен од една единствена префектура. Општинските окрузи во Париз (како и оние на Лион и Марсеј) имаат улога на поделбени единици, и затоа ова не се окрузи на ист начин како останатите во земјата.
Наводи
Поврзано Префектура (Франција) Список на окрузи во Франција
Надворешни врски
Категорија:Управување со Франција