Првата фудбалска лига на Македонија 2008/2009 - 17. издание на Првата фудбалска лига на Македонија. Шампион во таа сезона бил Македонија Ѓорче Петров и со тоа обезбедил место во втората рунда од квалификациите за УЕФА Лига на шампиони. Второто место го освоил Милано со што освоил место во втората рунда од квалификациите за УЕФА купот. Ренова со третото место обезбедила пласман во првата рунда од квалификациите за УЕФА купот. Башкими се повлекол од првенството поради финансиски причини.
Унапредување и отпаѓање Пред почетокот на сезоната 2008/09 Екипи унапредени од Втората фудбалска лига 2007/08 Турново (Првак) Металург (Второ место) Екипи кои отпаднале од Првата фудбалска лига 2007/08 Шкендија 79 (11ти) Цементарница 55 (12ти) По крајот на сезоната 2008/09 Екипи унапредени од Втората фудбалска лига 2008/09 Тетекс (Првак) Слога Југомагнат (Второ место) Екипи кои отпаднале од Првата фудбалска лига 2008/09 Напредок (11ти)
Екипи
Екипа Град / Село Стадион Капацитет Вардар Скопје Градски стадион Скопје 18,104 Македонија Ѓорче Петров Скопје Стадион Ѓорче Петров 3,000 Металург Скопје Стадион Железарница 4,000 Милано Куманово Милано Арена 7,000 Напредок Кичево Градски стадион Кичево 5,000 Пелистер Битола Стадион Тумбе Кафе 8,000 Победа Прилеп Стадион Гоце Делчев 15,000 Работнички Скопје Градски стадион Скопје 18,104 Ренова Џепчиште Градски стадион Тетово 12,000 Силекс Кратово Градски стадион Кратово 5,000 Хоризонт Турново Турново Стадион Кукуш 1,500
Табела </noinclude>Категорија:Предлошки за фудбал
Бараж за опстанок
Поврзано Фудбалски куп на Македонија 2008/2009 Втора фудбалска лига на Македонија 2008/2009 Трета фудбалска лига на Македонија 2008/2009
2008/2009 Категорија:2008-09 фудбалски лиги Прва лига Прва лига