Тодор Чаловски (, - , ) — македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.2379 - 280.
Животопис мини|Куќата во Галичник во која живеел. Чаловски е роден е на година во . Основно образование завршил во Галичник, гимназија во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Потоа работел како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник. Починал во Скопје на 15 јуни 2015 година.
Книжевно творештво Ноќ во која те нема (поезија, 1969) Ноќен часослов (поезија, 1971) Сердарски болести (поезија, 1975) Ѕвезда во човека (поезија, 1981) Јадро (поезија, 1984) Праг (поезија, 1988) Маѓосна меѓа (поезија, 1989) Прониз (поезија, 1994) Дарови (поезија, 1994) Галица (поезија, 1996) Будна куќа (поезија, 1998) Песни (1998) Критички видувања (есеи и критики, 1998) Глас крепител (поезија, 2000)
Награди Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Младост“ (Белград), БИД „Мисирков“, „Григор Прличев“ (за препев) и Награда за најдобра критика на годината во Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски критичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Млад борец“ Категорија:Добитници на наградата „Студентски збор“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“