Елизабета Шелева (р. во ) — македонска книжевна критичарка и теоретичарка, како и универзитетска професорка на Катедрата по компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.Елизабета Шелева, Книжевни созвучја и дијалози, Сивејан, Скопје, 2025.
Животопис
Елизабета Шелева припаѓа на првата генерација македонски компаративисти и во текот на повеќе децении е присутна во македонската книжевна и културна јавност.
Нејзините првични критички објави и есеи биле печатени во домашната и во југословенската периодика, во списанија како „Књижевна реч“, „Књижевне новине“, „Dalje“, „OKO“, „Polja“, „Ovdje“ и „Zarez“.
Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на тема „Типолошки модели македонске књижевне критике (књижевна конфронтација)“. Докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје на тема „Проблематиката на интертекстуалноста во книжевно научната методологија (од Михаил Бахтин до Умберто Еко)“.
Шелева е професорка на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Била посетувачки професор на повеќе универзитети и учествувала во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти на МАНУ, како и меѓународни проекти во соработка со БАН и САНУ.
Активна е и во културниот живот на земјата. На македонската книжевна сцена се појавила во средината на 1980-тите, како активен член и критички промотор на т.н. Петти круг, група автори чија поетичка определба се поврзува со постмодернизмот.
Член е и еден од основачите на Здружението на Независните писатели на Македонија од 1994 година, а во периодот од 2011 до 2017 година била и претседавач на здружението.
Била уредник на списанијата Наше писмо и Sarajevske sveske, како и на Македонската ПЕН ревија. Била редовен колумнист во Дневник и Форум, а повеќе години била и член на меѓународното жири за наградата „Балканика“.
Во периодот од 2017 до 2024 година била претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата.
Шелева е долгогодишен член на Македонскиот ПЕН центар, а во периодот 2021–2023 била и негов потпретседател. Член е и на Academia Balkanica Europeana, со седиште во Романија.
Творештво
Авторка е на 300 трудови и 13 книги од областа на книжевната критика и теорија:
Во име на новото (1986) Компаративна поетика (постмодернизмот во македонската фикција/новела) (1996) Книжевно-теориски студии (1997) Културолошки есеи (2000) Од дијалогизмот до интертекстуалноста (2000) Заробеници на денот (избрани колумни, 2001) Отворено писмо (студии за македонската книжевност и култура) (2003) Дом/Идентитет (2005) Домот на писмото (2008) Хетеротопии на писмото (2014) Од личен агол (2019) Книга 2020 (2021) Книжевни созвучја и дијалози, Сивејан, Скопје, 2025.
Преводи
Растко Мочник, Теорија за денешно време (1999) (од словенечки) Гиги Тевзадѕе, Знаци на иднината (2000) Џудит Батлер, Проблеми со родот (2000) Карл Попер, Непрекината потрага (автобиографија) (2001) Ронит Бергман, Медено ласо (2012) Хава Коен, Песните на Орфеја (2015)
Награди
„Млад борец“ (1986) за најдобра дебитантска книга „Корени“ (2007) за долгогодишен придонес во критиката и есеистиката Награда „Димитар Митрев“ на ДПМ за критика (2025), за книгата Книжевни созвучја и дијалози.
Наводи
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Млад борец“ Категорија:Добитници на наградата „Димитар Митрев“