Иван Точко (, - , ) — македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Тој е еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија.
Животопис Иван Точко се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија.Маринела Јовановиќ, Нада Филева „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002. Бил учесник во НОВ на Македонија. По завршувањето на војната, работел како новинар во „Нова Македонија“ и во Радио Скопје, а покрај тоа, бил уредник на списанието „Македонија“. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото бил уапсен, осуден и испратен на отслужување на затворската казна на Голи Оток.Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 136-139 стр.
Загинал во сообраќајна несреќа, прегазен од автомобил, по излегувањето од автобус.
Творештво Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“.Средба со Иван Точко
Точко е автор на шест збирки раскази, три драми и две збирки со прозни минијатури:„Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354. „Бојана“ (раскази, 1953) „Акорди“ (раскази, 1956) „Прстен“ (раскази, 1959) „Раскази“ (1962) „Вино за душите“ (новелети, 1968) „Премиера“ (раскази, 1970) „Грев“ (лирски минијатури, 1971) „Плуто“ (драма, 1972) „Охридска трилогија“ (три драмски текстови - „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974)
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 15-18.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Затвореници на Голи Оток