Христо Андоновски (Цакони, Воденско, - 15 октомври 2006 во Скопје) — македонски новинар и писател.
Христо Андоновски основно училиште на грчки јазик завршил во родното село, гимназија во Воден, а дипломирал на Педагошката академија во Солун. Неколку години работел како учител во Мегленско. Учествувал во Движењето на отпорот од 1941 година и во Граѓанската војна во Грција, при што бил на високи функции.
По доаѓањето во НР Македонија, тој работел како уредник на програмата на грчки јазик на Радио Скопје, а бил уредник и на весникот „Глас на Егејците“ и на списанието „Македонија“. Во својата историографска работа најголемо внимание им посветува на темите од Егејскиот дел на Македонија.
Објавени дела „Егејска Македонија“ (1951) „Мегленската област во НОБ“ (1961) „Македонците под Грција во борбата против фашизмот“ (1968) „Дипломатската антимакедонска игра“ (1970) „Драмско востание“ (1969) „Револуционерот Лазо Трповски“ (1975) „Вистината за Егејска Македонија“ (1970) „Странците за Македонија и Македонците“ (1978) „Јужна Македонија од Античките до денешните Македонци“ (1995)
Извори Почина новинарот и публицист Христо Андоновски, Утрински весник, 16 октомври 2006.
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Цакони (Воденско) Категорија:Починати во 2006 година