Михо Атанасовски ( - ) — поет и писател за деца и млади, и драмски автор.

Животопис Роден е во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Бил уредник на радиодрамата за возрасни во Македонското радио. Бил член на ДПМ од 1957 година. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 6.

Книжевно творештво Атанасовски претежно пишувал поезија за деца и за возрасни. Негови поважни дела се: Очите и измаглините (поезија, 1955) Никогаш не сум сам (поезија, 1957) Минуваат пролети (поезија, 1959) Од лав до страв (басни, 1962) Божурика (поезија, 1963) Еден лав плаче од страв (басни, 1964) Марко новинарко (раскази за деца, 1969) Во дворецот на сказните (римувани сказни, 1971) Марко новинарко (нови раскази, 1972) Река (поезија, 1975) Големиот јунак (новела за деца, 1975) Песни (1976) Тајната на едно писмо (пиеска, 1976) Има еден прозорец (поезија, 1979) Отаде реката (поезија, 1985) Куќичката со бела шамија(роман за деца, 1987) Кога се сакавме со Тинка (роман за деца, 1989) Зад де-вет гори зелени (поезија, 1990) Бамбила од другиот свет (роман за деца, 1992) Тутуле бале (поезија за деца, 1994) Цветот што носи среќа (поема 1994) Уличето со обетки од цреши (поезија за деца, 1995) Пуземаже и Цинцилин (поезија за деца, 1996) Љубовниот живот на Симсиле (новели за деца, 1998) Уличето со обетки од цреши (нова книга, поезија за деца, 1998), Вечери кај шардаванот (поезија за деца, 2000)Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 31.

Наводи

Извори

Категорија:Македонски писатели Категорија:Починати во Скопје