Цане Андреевски — поет, раскажувач и писател за деца. Роден е на 10 јули 1930 година во Кратово - починал на 5 јули 2025 во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1957 година.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 26. Негова сопруга е писателката Оливера Николова.
Книжевно творештво Сончева порака (поезија за деца, 1951) Јаготки (раскази за деца, 1955) Добрина (поезија, 1956) Што има ново (поезија за деца, 1959) Свечености (поезија, 1964) Сребрен поток (поезија, 1969) Планета со петел (поезија за деца, 1976) Македонска љубовна лирика (антологија, 1979) Врски (поезија, 1982) Нашите први учители (повест за деца, 1982) Остануваме на Ножот (повест за деца, 1984) Шинато уво (поезија за деца, 1989) Дарби (приказни за деца, 1990) Разговори со Конески (разговори, 1991) Белата мечка, синиот кит и другите (поезија и проза за деца, 1998)
Награди Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“ и „РТВ Скопје“ на Струшките вечери на поезијата.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Кратово Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Починати во 2025 година