Ката Мисиркова–Руменова (Постол, Егејска Македонија, 14 септември 1930 — Скопје, 22 ноември 2012) — македонски раскажувач, романописец, поет и драмски писател.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 161 - 162. Родена е на 14 септември 1930 година во селото Постол, Ениџевардарско, егејскиот дел на Македонија. Работниот век го завршила како библиотекар. Член била на ДПМ од 1966 година.

Ката Мисиркова-Руменова била внука на Крсте Мисирков. Починала на 82-годишна возраст во Скопје.Почина писателката Ката Мисиркова – Руменова

Книжевно творештво Го љубам својот град (роман за деца, 1964) Детството на Мисирков (роман за деца, 1965) Скршени вејки (драма, 1965) Песна за огновите (раскази, 1966) Жешка земја (роман, 1968) Добрите момчиња од земјата вардарска (роман, 1969) Корнење (роман, 1972) Вид и објектот (роман, 1975) Кресненското востание (драма, 1976) Илинденски раскази (раскази за деца, 1978) Ликот на Карастоилов (повест, 1978) Ноќ во осаменоста (поезија, 1979) Јужен ветар (драма, 1979) Неосудени (драма, 1980) Жежок пат (роман, 1981) Милосија (роман за деца, 1982) Довик (роман, 1983) Мирка Гинова (драма, 1985) Султана (роман, 1987) Жеголец во срцето (роман, 1987) Скалила (роман за деца, 1987) Неоджилени (раскази, 1988) Сонот на будната птица (роман за деца, 1988) Мајка Которичанка (раскази, 1988) Патилата на Милосија (роман за деца, 1989) Во смрт од љубов (роман, 1990) Скаменета солза (поезија, 1990) Топлата прегратка на Гоцевата мајка (раскази за деца, 1990) Ѕидовите од Пела (роман за деца, 1991) Катарни години (роман, 1992) Вознесот на Милосија (роман за деца) Ѕидови од пајажина (роман, 1993) Водоскоци (роман за деца, 1994) Писмата до Соња (раскази за деца, 1994) Стапалки по жолти лисја (роман, 1995) Плач пред ѕидот (поезија, 1996) Големите атови (роман, 1997) Македонките во Пекинг (монографија, 1997) Авантурите на малата Ѓурѓица (роман за деца, 1997) Белегзија (поема, 1998) Воскрес на душата (поезија) Зунка (драма, 1998) Ќе ме убие капката Стефи (поезија, 1998) Виорот на болката (поезија, 1999) Пранги (роман, 2000) Пред лицето - Ченто (поезија, 2000) Пранги (роман, 2000) Дневникот на Доне (2002)

ТВ драми: Крепост Одлука Средба Вознес на душата

Монодрами: Мајка Которичанка Малина Поп Иванова Гоце Делчев Султана

Има напишано преку шеесет радио драми за возрасни и деца.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Мисиркови Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Луѓе од Постол Категорија:Починати во 2012 година